20.8 C
Скопје
10:46 - 29 април, 2024

Екс сопругата на Бен Афлек ќе се мажи: КОЈ Е „МЛАДОЖЕНЕЦОТ“ НА ЏЕНИФЕР ГАРНЕР?

Тајмингот за нова љубов и нови бракови им е речиси ист – Бен Афлек и Џенифер Лопез се на чекор до свадба, но не е подалеку од олтарот ни неговата екс сопруга, глумицата Џенифер Гарнер која има два брака зад себе.

Поглед напред, храброст, издржливост. Тоа се трите збора кои најдобро ја претставуваат Џенифер Гарнер, која денес дува педесет свеќички односно го слави својот 50.роденден. Јубилеен роденден кој актерката го прослави со насмевка на усните, и покрај тешкотиите со кои се соочуваше. Затоа што денес таа има извонредна кариера, три прекрасни деца (од поранешниот сопруг број два Бен Афлек) и нова љубов, 15 години помладиот Џон Милер, адвокат и извршен директор на синџирот КалиБургер, со кого – според гласините – планира венчавка!

Џенифер отсекогаш можела отворено да се соочи со животот, трансформирајќи ги проблемите во решенија за да продолжи напред и да стане уште подобра. Ова е карактеристика на духот на девојката од Тексас. Девојка родена во Хјустон на 17 април 1972 година во целосно женско семејство методисти. Втора од трите сестри.

Се раздели од Афлек на фер начин – дури откако тој се отрезни!

Сега, по два разводи зад неа, од Скот Фоли, а потоа и од Бен Афлек, Џенифер мораше да научи да биде поконцентрирана, да развие невообичаена внатрешна сила, да се брани себеси и своите деца. Проблематичниот брак со Бен Афлек, особено, ја стави на тест. Двајцата беа во брак десет години и имаат три деца: Виолет, Серафина, Сем (16, 13 и 10 години). За време на бракот, поради зависност од алкохол, Бен три пати завршувал на рехабилитација (прво во 2001 година, а потоа во 2017 и 2018 година). Разделбата дојде во 2015 година, во пресрет на 10-годишнината, придружена со  холивудски клишеа: неговото наводно неверство со дадилката на нивните деца. Афлек отсекогаш тоа го негираше, Џенифер пак, никогаш не се потрудила да ја коментира приказната. Всушност, таа остана со Бен дури и кога нивната приказна практично заврши. А таа избра да го финализира разводот дури кога тој се отрезни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Garner-Afflecks (@garneraffleck)

Карактер на медицинска сестра

Нејзината грижа за оние кои ги сака ја дефинираа како „медицинска сестра на Црвениот крст“, особено во врската со Бен Афлек. Но и тоа таа го надмина. Самата го кажа тоа во интервју за Vanity Fair America пред пет години:

„Излегов од сенката на Бен Афлек. Ја поминав фазата на сожалување и си ја вратив смислата за хумор“.

Чувството за хумор го покажа уште еднаш со коментарот за фениксот што Афлек го истетовирал на грбот: „Одбивам да бидам пепелта“.

Двајцата, особено заради децата, останаа пријатели. Толку блиски пријателки што била среќна повторното разгорување на пламенот меѓу Бен и Џенифер Лопез. Минатата есен, на пример, таа со радост се согласи да ја помине Ноќта на вештерките во Малибу, Калифорнија, со Бен и неговата сакана, Џеј Ло. Околу нив трчкаа дури пет деца: трите од поранешната двојка Афлек-Гарнер и двете што Лопез ги има со Марк Ентони.

Неодамна, кога Џеј Ло откри дека добила нов веренички прстен од Бен Афлек, Гарнер рече дека е „многу среќна за Бен и убедена дека Џенифер е позитивно присуство“ во животот на нејзиниот поранешен сопруг.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се подготвени да одат до олтарот (предлогот „падна“ пред неколку дена). Но, на хоризонтот се наѕира уште еден брак. Минатиот ноември, на Инстаграм, 50-годишната Гарнер покажа голем дијамантски прстен кој блескаше на нејзиниот прст. А годинава, многу веројатно таа ќе му каже „да“ на Џон Милер.

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....