17:29 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога ќе се ратисаме од студот!

– Како што најавивме, и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд а повеќе врнежи ќе има во јужната половина од државава, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот особено долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Снежната граница понекаде има услови да се спушти и под 1000 м.н.в. Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Според Попоски,  од вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималните температури ќе бележат тенденција на пораст, додека минималните понекаде ќе се спуштаат под нулата.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....