21.9 C
Скопје
23:41 - 29 јули, 2026

Драгана Мирковиќ шокира со изјава за родителството: Мајката е најважна за децата, а таткото…

Пејачката Драгана Мирковиќ минатата година се разведе од бизнисменот Тони Бијелиќ со кој мина повеќе од две децении во брак. Иако за разводот не се зборуваше многу во медиумите, нејзините неодамнешни изјави привлекоа внимание, бидејќи многумина нејзините зборови ги протолкуваа како индиректна порака до нејзиниот поранешен сопруг.

Во разговорот за своите деца, Драгана ја истакна важноста на улогата на мајките во животот на младите. Иако не сакаше детално да го коментира приватниот живот, очигледно е дека Драгана кон воспитувањето на децата пристапува со голема посветеност, ставајќи го семејството на прво место.

– Мајката е најважна за децата. Се разбира, и таткото, но сите знаеме каква е врската помеѓу децата и нивните мајки. Мајките живеат за своите деца и тоа е посебен вид на љубов“, рече прво Драгана.

Таа не застана тука, а се осврна на мајчинството и улогата на мајка, што е особено важно.

– Бидејќи сум мајка и имам деца, добро го разбирам тоа. Децата ги носиме од раѓање, па и во текот на целиот живот, така што слободно можам да кажам дека сите мајки се херои – објаснила пејачката за „Блиц“.

Да потсетиме, Драгана неодамна изјави дека синот и ќерката и биле најголема поддршка по разводот и тешкиот период.

– Децата се прекрасни, иако веќе не се деца (се смее). Тие се возрасни, многу љубезни и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа тука за мене и што ме сакаат толку многу. Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е моето најголемо достигнување“, изјави Драгана.

Слични објави

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.
Се вчитува....