4.8 C
Скопје
15:07 - 21 декември, 2024

Џулија Робертс е повторно мета на критики поради самоубиството на нејзината сестра!

Џулија Робертс (52), која важи за една од омилените актерки во Холивуд, талентирана дама која ужива во славата, деновиве се соочува со сериозни обвинувања. Џулија не е на мета на своите фанови, туку на вереникот на својата полусестра.

Ненси Мотес (38), полусестрата на Џулија Робертс, почина пред 6 години. Со аутопсија е утврдено дека Ненси се предозирала. Во 2014 година, Крег Харви, шефот на форензичката медицина, потврди дека станува збор за самоубиство, бидејќи во телото на Ненси беа пронајдени неколку различни супстанци. Таа се удавила во кадата, откако земала лекови. Набргу после трагедијата, Робертс во интервју за „WSJ“ магазинот, прокоментирала дека семејството тешко се соочува со нејзината смрт.

„Ова ни го скрши срцето. Смртта се случи пред само 20 дена, не постојат зборови со кои можеме да опишеме низ што се поминавме овие неколку дена“

Меѓутоа, тоа што не беше кажано во интервјуто е тоа за што се „шушкаше“ дека Џулија не била во добри односи со Ненси, дури и дека не присуствувала на нејзиниот погреб. Дека помеѓу нив има кавги, Ненси открила пред својата смрт во интервју за „Daily Mail“.

„Кога бев во средно училиште, јасно ми даде до знаење дека сум дебела. Не ми го кажа тоа на убав начин“, тврдеше Ненси.

View this post on Instagram

The Legend. Giorgio Armani ?

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on

Таа оставила дури и проштално писмо во кое помеѓу останатото напишала: „До моите таканаречени брат и сестра (покрај Џулија мислела и на Ерик Робертс), не направија ништо освен тоа што ме доведоа во најдлабоката депресија“. Дури и после 6 години од нејзината смрт, вереникот на Ненси, Џон Дилбек (37), ѝ се обраќа на Џулија на Твитер и тврди дека таа е одговорна за смртта на нејзината полусестра.

„Денес е мојот роденден, тешко ми е што не можам да го прославам со љубовта на мојот живот. Ова сме ние, на мојот последен роденден кој заедно го прославивме“, напиша Џон на Твитер и додаде дека Џулија е насилничка.

View this post on Instagram

?????? #calzedonia #italianlegwear

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on

„Биди искрена Џулија и признај дека си насилничка. Ништо друго освен безчувствителна насилничка. Се уште те обвинувам за смртта на Ненси“.

Во изјава за таблоидот „The Sun“, отишол и чекор подалеку велејќи дека славната актерка е без срце.

„Никогаш не ја уважуваше. Далеку од очите, далеку од мислите“, истакнал тој.

Џулија Робертс, заклучуваат странските медиуми, буквално никогаш нема да ги коментира овие обвинувања.

Слични објави

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо
Се вчитува....