04:05 - 9 ноември, 2026

Џенан Лончаревиќ се иселил од станот: Откако доби дете со новата сопруга, ја донел оваа одлука

Пејачот Џенан Лончаревиќ неодамна доби втор син со својата избраничка, со која, како што објавија медиумите, живеел паралелно додека бил во брак со Самира.

Според информациите, тие живеат заедно во Белград веќе 15 години.

На пејачот ова му е четврто дете, а второ го доби со новата избраничка.

Според извештаите, Џенан и неговата партнерка повеќе не живеат на иста адреса. Соседите велат дека се иселил од околината, и дека не комуницирал премногу со соседството, но дека секогаш бил љубезен кога некој ќе го поздрави.

– Џенан порано живееше овде, но се исели пред неколку месеци. Ова е зградата каде што живееше со сопругата, често минуваа заедно, но искрено, не комунициравме, си ја гелдам сопствената работа и не гледам наоколу. Сега не знам каков е како човек, но секогаш беше фер кон мене – вели работник во кафеана во близина на зградата во која живеел Џенан.

– Џенан повеќе не е тука, сега живее на Дедиње – рекло момчето кое се нашло на улица.

– Го видов пред автомобилот кога помина по овој пат. Има жена, живееше таму со неа, но едвај го гледав. Велат дека сега е на Дедиње или Сењак, таму некаде – изјави друга соседка од улица.

– Редовно доаѓаше овде и купуваше од нас. Секогаш беше љубезен и фин, не можам да кажам лош збор – посочила вработена во блиска продавница.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....