04:21 - 10 ноември, 2026

Девојката која ги пишува најубавите текстови на македонската естрада има нова песна – „Најдоброто“ од Магдалена Ена Цветкоска! (ВИДЕО)

„Најдоброто“ е насловот на новата песна на една од најквалитетните пејачки на нашата естрада, Магдалена Ена Цветкоска .

Помина година и повеќе откако Магдалена Ена го издаде последниот сингл, но специјално за овие празнични денови, односно денот на љубовта, познатата пејачка реши своите обожаватели да ги почести со една прекрасна композиција, на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму таа, а нејзиниот брат – Лазар Цветкоски е задолжен за аранжманот и продукцијата.

– Станува збор за лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените. Оваа песна е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ќе бидат објавени во периодот што следи – ни изјави накусо Цветкоска.

Ова се супер вести со оглед на тоа дека Магдалена Ена и нејзиниот тим имаат подготвени неколку песни, а се разбира дел од нив ќе добијат и своја видео-приказна.

Она што е важно да се потенцира, Цветкоска се потпишува како автор на сите нови песни кои допрва ќе имате прилика да ги слушнете.

Уживајте, ова е „Најдоброто“ од Магдалена Ена Цветковска:

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....