9.8 C
Скопје
00:44 - 18 октомври, 2026

„Делириум“ на руските новинари: „Сите ќе умреме, но ние ќе одиме во рајот“, „Познавајќи го Путин, без победа во Украина ќе предизвика Трета светска војна!“

Дали сите ќе умреме? „Ние ќе одиме во рајот“ – вели главниот уредник на рускиот сателитски телевизиски канал.

Пред неколку дена зборовите на новинарот Владимир Соловјов алудираа на можен нуклеарен напад од Путин.

Сега пат, за тоа проговори и главната уредничка на сателитскиот ТВ канал „Русија денес“, Маргарита Симонјан, која даде опис на намерата на рускиот претседател да започне Третата светска војна за да ја освои Украина.

На прашањето дали сите ќе умреме? Одговорот на руските пропагандисти е  дека сите ќе умреме на некој начин но: „Ние ќе одиме во рајот“.

Атомска бомба, светска војна, нацизам: во последно време ова се омилените теми на руската пропаганда, но се добива впечаток дека стратегијата на Кремљ е подготвена дополнително да го подигне тонот.

Сепак, најсилните фрази доаѓаат од Владимир Соловјов, рускиот олигарх и лојалист на Путин, кој го осуди Западот што не ги слуша предупредувањата на Кремљ: „Лавров им кажа дека тоа ќе доведе до Трета светска војна“, но тие претпочитаат да играат големи игри… Овие се ѓубри ** без морал“. На овие изјави новинарката Маргарита Симонјан одговори: „Сè ќе заврши со нуклеарен напад. За мене тоа е најверојатниот исход. Од една страна ова ме згрозува, но од друга сум свесна дека е тоа што е“. Соловјов потоа додаде: „Но, ние ќе одиме во рајот, за разлика од нив“. Симонјан заврши обидувајќи се да ја „утеши“ публиката: „Сите ќе умреме еден ден“.

За време на истата епизода, Соловјов рече дека Русија се бори за „продолжување на Втората светска војна“ и ја обвини Чешка: „Како што испраќаа тешка воена опрема за нацистичка Германија, сега тоа го прават за „Украина“.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....