23:00 - 9 ноември, 2026

Дарко Лазиќ го слави Бадник со ќерката, синот и Катарина: Планира проширување на семејството

Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина ги минуваат божиќните прзници во семејната куќа на пејачот во Брестач, каде се собрани неговите роднини, но и синот и ќерката.

– Порано работев за време на празници, а сега без исклучок земам слободно време. Овој Божиќ го славам во мојата куќа во Брестач. Традиционално, утрово одиме да земеме бадниково гранче. Ова е вистинската година за Алексеј да оди со мене бидејќи досега беше мал и јас сум многу среќен поради тоа. Катарина и Лорена ќе нѐ чекаат дома со посна трпеза. Божиќ ќе го поминеме со семејството со различни традиционални јадења. Секоја година славиме со кумот кој го крсти Алексеј, така ќе биде и годинава, вели Дарко, а Катарина додава:

– Како домаќин Дарко е задолжен за божиќната вечера и печењето, јас сум задолжена за останатиот дел од трпезата и да ја украсам куќата за дазрачи со вистинскиот божиќен дух.

 

Пејачот се присети какви биле празниците кога тој бил дете.

– Многу слично, само што тогаш бев дете, а сега сум домаќин и татко кој им пренесува обичаи на своите деца – искрен е Дарко, кој е прво Дедо Мраз, а потоа Божиќ Бата на Алексеј и Лорена.

– Беше многу убаво, ништо не може да ја замени детската насмевка и среќа кога на вратата се појави Дедо Мраз. Мојата главна желба е сите луѓе на овој свет да бидат среќни бидејќи сме сведоци на разни изрази на омраза и гнев, открива Каќа, а на прашањето дали посакува бебе, вели:

-Во однос на проширувањето на семејството ќе оставиме сѐ да си појде по својот тек, дај Боже да има проширување.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....