23:06 - 29 ноември, 2026

(Фото) Вељко Ражнатовиќ со синот отишол во шума да исече бадникова гранка: Сите гледаат што малиот држи в раце

Синот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, боксерот Вељко Ражнатовиќ, објави на свој профил на Инстаграм фотографии со синот Жељко.

Имено, Вељко ги почитува традицијата и православните обичаи, а во тој дух се труди да го воспита и својот син.

Затоа и утрото отишол со првородениот син да исече бадникова гранка, како што налага обичајот. Вељко Ражнатовиќ позирал со голема секира во раката, а и неговиот син Жељко држел една, иако многу помала.

Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко, го овековечила овој момент и објавила фотографија на својата инстаграм-приказна.

– Среќен бадников ден – напишала Богдана во описот на објавата.

Инаку, Вељко и Богдана го чекаат третиот син, а родителите веќе избрале име за бебето.

Вељко и Богдана веќе имаат два сина, Жељко и Крстан, а третиот ќе се вика Илијан.

Нивното семејство неодамна стана побогато со новиот, четврти член на семејството, малиот Крстан, додека најстарото дете го носи името на покојниот татко на Вељко – Жељко.

Синот на Цец Ражнатовиќ е бескрајно среќен што повторно ќе стане татко, бидејќи секогаш нагласувал дека сака многучлено семејство со најмалку пет деца.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....