13.8 C
Скопје
21:19 - 20 април, 2026

Дали петок 13 навистина е несреќен? Не потпаѓајте под психолошки притисок, уживајте во сончевиот ден и споделете љубов и љубезност!

Денеска е петок 13, ден кој отсекогаш се сметал за ден со лоша среќа, а некои истражувачи објаснуваат и зошто е тоа така.

Широко распространетото суеверие датира уште од Средниот век, а одредени историчари тврдат дека тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнал потопот и изградбата на Вавилонската кула.

Во христијанството, Исус бил предаден од страна на еден од дванаесетте апостоли, односно Јуда, кој бил тринаесетти гостин кој дошол на последната вечера. Преминувањето на бројот дванаесет ја дисбалансира рамнотежата на природата на нештата, бидејќи луѓето на тоа гледале како на нерегуларно и покажување непочит кон перфекцијата. Така бројот 13 ја носи стигмата на несреќа или лоша среќа која ја знаеме денес.

Зошто петок?

Петок се вклучува во сево ова, бидејќи распнувањето на Исус се случува во петок – нормален ден за распнување во Рим. Во Америка во доцниот 19 век, сите егзекуции се извршувале во петок.

Петок 13 станал најнесреќен од деновите бидејќи се комбинирале две суеверија во едно.

Реперкусиите на овие фобии одекнувале низ американската култура, особено во 20 век. Повеќето од зградите и хотелите немаат 13-ти спрат. Уличните адреси го прескокнувале бројот 13, додека аеродромите го прескокнувале 13-тиот терминал. Исто така и популарните филмови за Петок 13 се појавиле како идеја за правење пари врз основа на ова суеверие.

Дали петок 13-ти е навистина несреќен?

Без оглед на вековното верување за ова суеверие, по сè изгледа дека сето тоа има психолошка основа. Едно истражување од 1993 година покажало дека статистички, најмногу несреќи се случиле на петок 13-ти, но авторите на ова истражување изјавиле дека иако овој датум бил точен, истражувањето било за забава и дека не треба да се сфаќа сериозно. Други истражувања не покажале корелација помеѓу работите, како на пример зголемување на несреќите или повредите на петок 13-ти.

Исто така петок 13-ти нема големо значење во некои други култури, кои имаат свои несреќни денови. Така на пример, кај Грците и Шпанците вторник 13-ти се смета за несреќен ден, додека Италијанците тврдат дека тоа е петок 17-ти.

Според нумеролозите, бројот 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12.

Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња во Израел, 12 апостоли на Исус.

Во тарот картите 13 е картата на смртта.

Но, наспроти сите овие верувања, направете од денешниот ден – петок 13. – ден на среќни моменти. Како? Споделете љубов и љубезност.

Слични објави

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно шокира: „Баба ми почина гледајќи филмови за возрасни“

Еспресо

Рале откри сè за односот со Ана Николиќ: „Имаме само еден проблем“

Еспресо

(Видео) Луксуз на јахта од 10 милиони евра – погледнете како уживаат Мелина Галиќ и нејзиниот сопруг по свадбената прослава

Е.А.

Рада Манојловиќ ја откри вистината за враќањето на Милан Станковиќ: „Не е вистина дека снима нов албум“

Еспресо
Се вчитува....