11.8 C
Скопје
09:28 - 20 април, 2024

Цените не пораснале 500 години: Идилична германска населба во која киријата чини 88 центи годишно

Доколку сакате да го посетите Фугереј, ќе треба да платите билет чија цена е четири пати повисока од изнајмувањето стан за цела година.

Еден човек дошол кај свештеникот на исповед. „Оче, згрешив. За време на Втората светска војна, криев човек во подрумот.“ Свештеникот одговорил: „Па, тоа не е грев!“. На ова тој рече: „Знам, но му наплаќав кирија.“ Свештеникот си ја пoчеша главата и рече: „Тоа навистина не е во ред, но ако му го спасивте животот, гревовите ви се простени.“ Човекот заминува среќен, но уште еднаш се врти: „Оче, можам ли да те прашам нешто друго?“ „Се разбира, “, одговара свештеникот. „Дали мислите дека треба да му признаам дека војната е завршена?“

Лошата шега можеби најдобро го опишува лудилото со цените на недвижностите во многу други европски метрополи. Секој што барал стан во Берлин, Даблин, Париз…знае за каква борба се работи.

Сепак, има и сосема различни примери. Иако звучат како нешто од рубриката „верувале или не“, тие доаѓаат од реалниот живот. Поточно, од идиличната германска населба Фугереј, каде што цената за изнајмување стан не е променета од 16 век и изнесува 88 центи годишно.

Населбата од соништата се наоѓа во баварскиот град Аугсбург. Тој е и еден од најстарите градови во Германија, за што сведочи и неговото име: имено, основан е по наредба на римскиот император Август како воен логор. Дури и тогаш, овде живееле околу 10.000 луѓе, а наскоро ќе стане еден од најголемите градови на Светото Римско Царство.

Градот бил центар на трговија, индустрија и производство на ткаенини, уметничка оаза за бројни сликари и музичари, родно место на посебен рококо стил наречен „стил на Аугсбург“, неговиот систем за водоснабдување беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Merve 🌎🌍🌏 (@mervedenizblog)

Сепак, иако просперитетен, градот имаше свои сиромашни граѓани. За нив се грижеше влијателната и моќна банкарска фамилија Фугер, која во 16 век вложи пари во изградба на специјална населба Фугереј за не толку богатите. Меѓу нив имало вдовици, бездомници и осиромашени занаетчии, но не и питачи.

За да станат жители на Фугереј, тие морале да исполнат неколку услови: да поминат најмалку две години да живеат во Аугсбург, да бидат од католичка вероисповед и да имаат доказ дека не се обвинети за ништо. Интересно е што еден од жителите бил прадедо на славниот Моцарт, во чија чест денеска е поставена спомен плоча.

Жителите на населбата плаќале годишна закупнина на фондацијата во износ од само 88 центи, а освен тоа биле обврзани да „изведат“ три молитви дневно за членовите на семејството Фугер и да обавуваат скратено работно време активности во заедницата. Големо значење се придаваше на духот на заедништво и солидарност, кој се чувствува и денес. Жителите си вршат услуги меѓу себе, си помагаат и се дружат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljubica H (@ljubicah2113)

Така, Фугереј стана најстарата социјална населба во светот. Но, за оние кои би можеле да злоупотребат нечија добра волја, треба да се забележи: основниот принцип на помагање на жителите е да им се помогне на луѓето сами да си помогнат. Така, додека не застанат на нозе и не можат да се иселат, отстапувајќи им место на другите на кои им е потребно.

Денес има околу седумдесет куќи, односно околу 150 станови. Површината на становите е околу 60 метри квадратни, а тие на приземје имаат и двор. Ова гратче во град е опкружен со ѕидини уште од средниот век и има пет порти кои сè уште се затворени секоја вечер. Има и музеј и продавница за сувенири.

Доколку сакате да го посетите Фугереј, ќе треба да платите билет чија цена е четири пати повисока од изнајмувањето стан за цела година – така што ќе треба да потрошите 4 евра, пишува порталот пункуфер.хр

Слични објави

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо
Се вчитува....