12.8 C
Скопје
21:45 - 15 октомври, 2024

Цеца првпат за забременувањето со ин-витро: Имав 22 години, Аркан веќе тогаш имаше седум деца

светлана цеца ражнатовиќ

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ зборуваше за љубовта со Жељко Ражнатовиќ Аркан, за начинот на кој се запознале, а за првпат проговори и за двете бремености, пишува српски „Курир“.

– Се сеќавам дека имав настап во Германија и го купив „Плејбој“ на бензинска пумпа. Во списанието го видов човекот на мојот живот! Не разбрав што пишува во интервјуто, само зјапав во неговата фотографија. Тој беше најмажествениот и најзгодниот маж што сум го видела во животот. Си помислив: „Значи, тоа е тој Аркан! Посакав да му бидам сопруга – се присетила Цеца и повторно опишала како изгледала нивната прва средба очи в очи.

– Нè запозна Оливер Мандиќ на еден настан. Бидејќи тогаш кружеше измислена приказна дека Аркан ми ја истрижил косата, Жељко ми рече: „Дали ти си таа ѕвезда што редовно ја стрижам? Бев истрауматизирана, исплашена. Се збунив! Продолживме да се гледаме, а јас прва го бакнав! Во Жељко не се вљубив поради неговата моќ, туку во него како маж, во неговите човечки квалитети, карактерни особини, физичкиот изглед… Мене ме интересира некој кој ќе успее емотивно да ме покрене и да ме направи среќна, а не колку е моќен и колку е голема неговата банкарска сметка.

Поради големата разлика во години, Цеца се плашела да им каже на родителите дека се во врска.

Таа им ја признала вистината кога се вериле.

– Им кажав дека ќе се омажам за Жељко, а мајка ми беше среќна: „За Шашиќ? Прекрасно. Тој е одлично момче“. Тогаш реков: „Каков бре Шашиќ? Се мажам за Жељко Ражнатовиќ Аркан!“ За малку ќе се онесвестеа, иако пред тоа слушнаа нешто од медиумите, но се надеваа дека брзо ќе ми помине. Тогаш татко ми сериозно и ми се закани: „Ако се омажиш за него, ќе се откажам од тебе!“ Знаев дека само ме плаши, па му возвратив: „Сите можете да се убиете, ќе се омажам за него бидејќи го обожавам“. Кога го запознале, веднаш се засакале – истакнала таа.

Цеца и Аркан се верија на Божиќ 1995 година, а се венчаа еден месец подоцна.

Фолк пејачката и двата пати забременила преку вештачко оплодување (ин-витро), а сега објаснила и зошто.

– И двајцата сакавме деца. Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па отидов во болницата „Народни фронт“ на ин-витро – се присетила Цеца.

– Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во комплетната програма, иако беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – раскажала пејачката, која во 1995 година ги роди синот Вељко, а подоцна и ќерката Анастасија.

Идилата бил прекината кога Жељко беше убиен на 15 јануари 2000 година во тогашниот хотел „Интерконтинентал“.

– Тоа е најлошиот и најтешкиот момент во мојот живот. Се трудев да ги потиснам тие травматични слики, но тие и денес ми се пред очи. Тешко ми е да зборувам за убиството на таткото на моите деца. Жељко е присутен во нашите животи секојдневно, често зборуваме за него. Тој е човекот кој ми го одбележа животот – признала Цеца за „Хит“.

– Жал ми е што Вељко и Анастасија не го паметат. Беа бебиња кога останаа без него, Таса имаше година и пол, а Вељко три. Ги погодува кога ќе прочитаат нешто лошо за него, но тоа не може да се спречи. Научија да живеат со непријатни ситуации. Многу им недостасува, особено во некои важни моменти, како што е свадбата на Вељко и раѓањето на неговиот син, кој го доби името по Аркан – раскажала Цеца.

 

Слични објави

„Не сум добра, инфузијата е заслужна за мојот изглед“: Цеца откри се за своето здравје и отсуството од снимањето

Еспресо

Милица Тодоровиќ си ја отвори душата: „Бев многу депресивна, ова е моја нова ера“

Еспресо

„Бебенце, здраво!“: Стефанија Несторовска е повторно бремена!

Еспресо

Откриено е колку вреди богатството на Саша Поповиќ: Има јахта, автомобили, луксузни вили, милиони!

Еспресо

Јована Јеремиќ ѝ се обрати на јавноста на англиски јазик пред да замине за САД: Сонував сон кога бев мала на село

Еспресо

(Видео) „Тоа ми го покажа ДНК тестот“: Марија Шерифовиќ откри од која тешка болест може да се разболи

Еспресо
Се вчитува....