19:33 - 29 ноември, 2026

Дуа Липа и Ромен Гаврас се разделија: Пејачката била иницијатор

Британската пејачка Дуа Липа (28) се раздели од францускиот режисер Ромен Гаврас (42) по околу шест месеци врска. За ова пишува The Sun.

Според извори блиски до поранешната двојка, пејачката била таа што го иницирала раскинувањето. Сега таа посветува многу време на кариерата, па не може целосно да обрне внимание на личниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

“Дуа и Ромен се разделија по едно љубовно лето. Кога станува збор за нејзината кариера, таа е сосема фокусирана на неа. Двојката ја прекина врската пред да се влошат работите”, велат упатените.

Медиумите за прв пат почнаа да зборуваат за новата романса на Дуа Липа во раната пролет 2023 година. Тогаш парот бил забележан првпат заедно на вечера, но и двајцата официјално не дадоа никакви коментари. Веќе во мај режисерот и пејачката со косовско потекло се појавија заедно на Канскиот филмски фестивал, фатени за рака.

Подоцна, љубовниците беа „уловени“ од папараците за време на нивниот летен одмор, а интересно беше што со парот беа и родителите на Липа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dua Lipa Fan Page (@luvvdlipa)

Пред оваа врска, Дуа Липа долго време се забавуваше со братот на сестрите Хадид, Анвар.

Ромен Гаврас пак, пред Липа, беше во романтична врска со Рита Ора.

 

Слични објави

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.
Се вчитува....