22.8 C
Скопје
14:53 - 2 мај, 2024

Бритни Спирс му плаќа стан на Сем Асгари 10.000 долари месечно: „Љубезна е, за да не ѝ ги открие приватните детали“

Сем Асгари, кој неодамна поднесе барање за развод од пејачката Бритни Спирс по 14 месеци брак и шест години врска, одлучи целосно да ги искористи парите на неговата сопруга. Според TMZ, уметницата плаќа 10.000 долари месечно за новиот стан на Сем во една од најексклузивните станбени згради во Лос Анџелес.

Според таблоидот, 10.000 долари се трошоците за стандарден стан во високи згради, но Сем успеал да добие подобар договор за стан по пониска цена.

Многумина беа изненадени што Спирс покажа таква љубезност откако нејзиниот сопруг ги спакува куферите и си замина. Сепак, новинарите, повикувајќи се на свои извори, пишуваат дека нејзините адвокати ѝ препорачале да го направи тоа за да го смири Асгари и да го натера да се премисли за откривање доверливи детали од нивниот заеднички живот. Фактот дека оваа клаузула во предбрачниот договор може да се оспори веќе беше навестена од адвокатот на Сем, Нил Херш.

Во моментов, познато е дека парот практично не комуницира, а Спирс, деновиве преку адвокатите успеа да ги поделат кучињата кои ги чуваа заедно со бившиот сопруг. Според постигнатите договори, Сем го земал со себе Доберманот, а Бритни – останатите четири кучиња, меѓу кои и австралискиот овчар Соер и новото кученце Сноу.

„ТМЗ“ дозна и дека пејачката неодамна изразила желба да ја поправи врската со нејзиниот татко Џејми Спирс, кој ѝ беше старател цели 13 години и кого го обвинуваше за сите несреќи во нејзиниот живот. Господинот Спирс имал сериозни здравствени проблеми, па Бритни сака да ја поправи нивната релација пред да биде предоцна.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....