15:17 - 7 ноември, 2026

Би ја вдомиле преслатката Ева? Нечовек ја претепал, а сега е здрава и си бара љубов!

Милата Ева има 1 година и е среден раст. Најдена е во скопската населба Ново Лисиче од наша граѓанка, во загрижувачка состојба, како резултат на сурово малтретирање и силни удари од несовесни граѓани со здобила со голем хематом над главата – ни раскажуваат од ЈП „Лајка“. 

Наташа, која е голем љубител на кучиња, неостанувајќи рамнодушна на оваа загрижувачка и тажна слика, решава да ja земе Ева и да ја однесе на преглед и стручна ветеринарна грижа во некоја од скопските ветеринарни амбуланти. Бидејќи ова се случува во недела, неработен ден, неколку амбуланти во Скопје одбиле да и укажат прва помош на Ева, па Наташа наоѓа ветеринар од Кадино кој решил да ја прими, каде и е направен целосен преглед и е дадена соодветна терапија.

Вака беше страшно претепана Ева

Наташа следниот ден го донесе кучето во прифатилиштето на ЈП Лајка, со цел да продолжи со терапија и да го помине целиот хуман третман. Ева во моментот се наоѓа во одделот за вдомување и подготвена да си го најде својот дом. Успешно го има поминато целиот хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка и се наоѓа во добра здравствена состојба.

Ева е исклучително мирно и мило куче, одлично се сложува со други кучиња. Нејзината весела природа доаѓа повторно до израз благодарение на негователите, кои секојдневно работат со неа, за да ѝ ја враќаат довербата кон луѓето.

Оваа тажна приказна на еден крајно нечовечен однос кон едно мило и невино суштество, се надеваме ќе допре до свеста на граѓаните. Човекот треба да биде пријател, а не непријател на бездомните животни. Покажете им грижа и љубов, а не сила и омраза!

Ајде да ѝ најдеме заедно дом на Ева, бидејќи не може да се врати назад на истата локација.

Вашата пријава за вдомување на Ева, потребно е да ја испратете на [email protected].

 

 

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....