13:27 - 27 ноември, 2026

Колку „три полни комбиња“: Идниот крал на Англија, принцот Чарлс собирал во куфери милиони кеш од контроверзен политичр од Катар

Од 2011 до 2015 година, принцот Чарлс лично собирал куфери и торби за пазарење полни со милиони долари во готовина од контроверзен катарски политичар. Ова е новата експлозивна вест која го тресе кралското семејство а објавена од Сандеј Тајмс.

„Сите се чувствуваа многу непријатно поради ситуацијата“, изјави поранешен советник на принцот од Велс за Sunday Times во Лондон.

„Се што можевме да направиме е да ги преброиме парите и да водиме евиденција за тоа што е земено“, рекол изворот. „И потоа да се јавиме во банка“.

Шеикот Хамад бин Јасим бин Џабер Ал Тани, поранешниот премиер на Катар, му дал на наследникот на британскиот трон многу пари „измерено“ во три комбиња за време на неофицијални приватни состаноци во Кларенс Хаус, официјалната резиденција на принцот во Лондон.

Тој собрал купишта банкноти од 3 милиони евра – приближно 3,2 милиони долари по денешниот курс – во чанти, куфер и неколку дизајнерски торби за пазарење од познатата стоковна куќа Fortnum & Mason.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....