22:52 - 9 ноември, 2026

Ава Карабатиќ не се шегува, објави политичка програма: Реално шоу и чистење улици за корумпирани политичари!

Хрваткатската реалити ѕвезда Ава Карабатиќ неодамна ја објави својата кандидатура за претстојните тамошни претседателски избори. Колку е сериозна во намерата сведочи нејзината изборна програма која ја објави на социјалните мрежи.

„Ви ја претставувам мојата изборна програма. Овде ќе ги наведам само главните ставки, додека целата програма со детален план за реализација за секоја ставка е во описот на мојот профил“, напиша Ава.

Ова се 13-те точки кои таа ги истакна на Фејсбук:

– Задолжителен полиграф за политичарите
– Хемиска кастрација на силувачи на малолетни деца и педофили
– Зголемување на платите и пензиите
– Борбата против корупцијата
– Намалување на платите на пратениците за 30 отсто
– Поддршка за ветераните и промоција на патриотизмот
– Дополнителни истраги за откривање на воени профитери
– Поддршка за здравствените работници
– Финансиска поддршка за студенти и млади луѓе
– Промовирање на патриотизам
– Државна програма за реално шоу за корумпирани политичари кои ќе чистат улици
– Бенефициран работно искуство за келнери и вработени во клубови и обложувалници
– Промоција на уметност и култура

„Ви благодарам за довербата и поддршката“, напишала Ава на крајот од оваа објава.

Инаку, Ава годинава учествуваше и на парламентарните избори – беше на листата на Иван Пернар во 10-та изборна единица. Таа на изборите доби неколку стотици гласови и не влезе во парламентот.

„Очекував мандат, но сè уште не е завршено. Да сме живи и здрави“, изјави тогаш Ава за локалните медиуми.

Таа тогаш доби повеќе повластени гласови од министерката за култура Нина Обљен Коржинек. Ава доби 508 гласа, а министерот 505. Портпаролот на Владата Марко Милиќ доби помалку – 391 глас.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....