18:58 - 24 ноември, 2026

„Муки сака свадба, таа не е за тоа“: Еве што се случува во врската на Тања Савиќ и нејзиниот 11 години помлад дечко

По пропаѓањето на бракот со Душан Јованчевиќ и паузата која ја направи во музичката кариера, пејачката Тања Савиќ се врати на голема врата и на професионален и на приватен план. Љубовта со Мухамед Муки Бешиќ ѝ цвета, а концертот во Арена е круна на нејзината дваесетгодишна кариера.

Пејачката, заедно со нејзините синови живеат во Смедерево, а соседите велат дека се воодушевени што ги слушаат свадбените ѕвона.

– Муки сака свадба бидејќи ова би му бил прв брак. Тања не е за тоа, но ќе му ја исполни желбата. Таа е истрауматизирана од сето она низ кое поминала со Душан, па не ѝ е ни грижа, но и реков дека мора поради него – открил постар сосед кој истакнува дека сите заедно изгледаат како хармонично семејство.

– Гледам дека добро се снаоѓа со нејзините синови. Го гледам како ги носи и ги зема. Видов и дека тој и Тања се расправаат, но тоа е сè што ќе се каже за време на „стажот“ на нивниот заеднички живот. Нормално е дека не се согласуваат за сè – додал соседот.

Откако е покрај Муки и се врати на музичката кариера, соседите велат дека се гордеат со Тања во Радинци.

– Нејзините родители пукаат од гордост, особено нејзината мајка и сестра ѝ Билјана, која е постојано покрај неа. Сите беа вклучени во нејзината кариера и во сè за да ѝ помогнат, сега Муки е нејзината десна рака и на сите им е полесно кога знаат дека има некој што се грижи за неа. По Арената што ја направи, со денови се славеше во нејзината семејна куќа – рекол еден роднина.

Слични објави

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.
Се вчитува....