19.8 C
Скопје
17:33 - 22 октомври, 2026

(Видео) Ќерката на Карлеуша за новиот парфем на пејачката за кој зборува Балканот: Скапо мириса, како мајка ми

Ќерката на Јелена Карлеуша, Ника Тошиќ, со своите следбеници на социјалната мрежа ТикТок ги сподели своите впечатоци од парфемот и тоалетната вода создадени од нејзината мајка. Ника не го криеше ентузијазмот за производите на Јелена, а откри и дека ги користи со месеци, иако морала тајно.

– Погодете што е ова? Ова е тестер на овој миризлив спреј. И да ви кажам… ова го имам од лани и тоа значи дека сум лојална и нема да те изневерам. Можете да ми кажете што било – започна Ника, а потоа додаде:

– Ја гледате разликата? Тоа е прекрасен мирис на спреј и парфем. Пред да излезе парфемот и спрејот, го носев овој тестер на училиште и луѓето ме прашуваа на што мирисаш толку добро? Не ми беше дозволено да кажам. Дечки, ова трае толку долго, убаво мириса, а да имаше мирис на мајка ми, ќе беше токму ваков. Ова буквално мириса на мајка ми. Дури и пред да го пушти парфемот, таа секогаш некако мирисаше вака. Значи тоа е прекрасен мирис – рекла таа воодушевено.

Наследничката на Карлеиуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ истакна дека конечно може да мириса на својата мајка – скапо.

– Ми се допаѓа што овој парфем е достапен, инаку парфемите се многу скапи и мора да мирисаат фенси. Овој е достапен, а сепак мириса фенси. Знаете, мајка ми мириса скапо, па… Ова е нејзиниот мирис. И дали сакам да мирисам на мајка ми? Секако – рекла Ника, а потоа се испрскала со спрејот по целото тело.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша организираше гламурозна промоција на нови проекти во Белград на вода, кога се појави во гламурозна тоалета.

@frnotnikaJA parfem , prelep parfem 💕

♬ original sound – Nika

Слични објави

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.
Се вчитува....