11.8 C
Скопје
10:14 - 20 октомври, 2026

Аница Лазиќ откри дали ќе се омажи за Лазар Ристовски: „Ние жените сакаме да носиме венчаници“

Српскиот актер Лазар Ристовски речиси една година ја криеше врската со колешката Аница Лазиќ. Дури во средината на 2023 година беше откриено дека парот е среќно вљубен и покрај разликата во години која изнесува дури 39 години. Оттогаш нивната љубовна приказна е под лупа на јавноста.

Многумина им предвидуваа брз крах на врската, но се чини дека секој ден сè повеќе уживаат еден покрај друг.

Младата актерка отворено проговори за венчавката и за тоа колку ѝ е важно да ја официјализира љубовта:

– Јас многу не фантазирав да се омажам кога бев девојче, ниту денес тоа ми е многу важно. Јас на тоа повеќе гледам како на форма, а мене ми е поважна суштината. Ние жените сакаме да носиме венчаници. Не страдам по тоа да се омажам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, му благодарам на Господ – рекла таа, па додала:

– Јас си дадов ветување дека ќе бидам храбра во љубовта, тука не дозволувам да бидам кукавица и секогаш правам онака како што моето срце бара – заклучила таа во емисијата „Премиера“.

Да потсетиме, на почетокот на 2022 година како бомба одекна веста за разводот на Даница и Лазар Ристовски по четири децении љубов. Актерската двојка живееше во хармонија речиси до самиот крај, роди деца, внуци, а блиски луѓе до актерите тврдеа дека тие отсекогаш биле меѓусебна најголема поддршка и луѓе од доверба.

 

 

 

 

Слични објави

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо
Се вчитува....