3.8 C
Скопје
07:48 - 15 октомври, 2026

Анастасија и Немања го ангажирале најдобриот архитект во Севиља: Цеца ги почестила со 30.000 евра за вселувањето во вилата од 6 милиони евра

Анастасија и Немања Гудељ купиле луксузна вила во Севиља, Шпанија, која чини шест милиони евра! Тие речиси една година барале недвижност која ги исполнува сите нивни барања и неодамна нашле дом од бајките. Како што рекол изворот, тие постојано нешто преуредуваат откако се вселиле во новата вила, но сè уште не направиле сè онака како што замислиле.

Неодамна, Анастасија ангажирала архитект кој е еден од најпознатите во Севиља за да ѝ изгради библиотека во работната просторија.

Таа замислила да направи голема библиотека каде што ќе има книги на српски, англиски и на шпански јазик, бидејќи веќе извесно време учи шпански, кој речиси го совладала, па сака да има познати романи и на тој јазик.

Цеца неодамна ги посетила ќерка си и зетот и е воодушевена од вилата што ја купиле, бидејќи е на добра локација, но сепак е доволно затскриена и тоа им овозможува да имаат целосна приватност.

„Цеца ја видела вилата на сликите, но во живо уште повеќе се воодушевила. Од дневната соба се излегува директно на базенот, куќата е целата од стакло. Тоа е вистинска оаза на мирот. Цеца им дала пари на Анастасија и Немања и им рекла да купат што сакаат за вселувањето, бидејќи Анастасија ѝ рекла дека сака едно уникатно парче мебел кое чини околу 30.000 евра. На Цеца ѝ се допаднала идејата за библиотеката, но ја воодушевил и гардероберот на Анастасија, кој е од подот до таванот во огледала“, изјавил изворот за „Свет“, а фолк ѕвездата потврдила дека прекрасно си поминала во Севиља и дека во мај повторно ќе оди да ги посети.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ не му остана должна на Каспер:“„Тој не е вистински маж, многумина ме тужеле, но никој не ме добил“

Еспресо

Карлеуша за крајот на пријателството со Бирташевиќ: „Повредена сум, но сите се заменливи“

Еспресо

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо

Осум години од заминувањето на актерската дива Милена Дравиќ: Животната приказна на иконата која делеше сè со легендарниот Драган Николиќ

Е.А.

(Фото) Најзгодниот турски актер драстично го промени имиџот: Ги „распамети“ обожавателките

Еспресо

(Видео) Приватно езеро и многу зеленило – Анастасија Ражнатовиќ покажа дел од новиот дом во Мадрид каде што живее со Немања и синот Илијан

Еспресо
Се вчитува....