10.8 C
Скопје
23:44 - 5 мај, 2024

Ана Николиќ плаќа 5.500 евра за градинка на ќерката Тара, ја спрема за прво одделение

Српската пејачка Ана Николиќ ја запишала шестгодишната ќерка Тара во градинката на Љубивоје Ршумовиќ. Поп-ѕвездата ја однела својата наследничка во образовно-воспитниот центар во Сопот. Како што дознава српски „Курир“, пејачката за една година ќе потроши 5.500 евра за образование на својата ќерка.

– Ана цело лето гледаше каде да ја запише Тара во предучилишна установа, за што подобро да ја подготви за прво одделение, во кое тргнува следната година. Се распрашуваше кај пријателите и колегите, а тие ѝ ја препорачале оваа градинка. Веднаш се јавила да праша за школарината и условите. Иако градинката е оддалечена 50 километри, многу ѝ се допадна, па таму ја запиша ќерка си. Не се двоумеше ниту кога слушнала дека за една година ќе ја чини 5.500 евра, бидејќи и последното евро ќе го даде за Тара! – вели извор близок до пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Самата Николиќ на социјалните мрежи се пофали дека вчера ја однела ќерка си во градинка.

„Зошто морам да одам на училиште?“, напиша Ана покрај фотографијата на која позира со својата ќерка.

Познатиот поет Љубивоје Ршумовиќ вели дека му е мило што Ана го запишала своето дете во градинката што го носи неговото име.

– Работам со деца, им рецитирам песни, ги учам да пишуваат… Тие учат многу од нас, но и ние од нив. Цел живот сакав да бидам учител, благодарение на мојата учителка, која беше прекрасен и еве, мојот сон се оствари. Одлично е што Ана ја запишала ќерка си во оваа институција, сигурен сум дека ќе си помине убаво и ќе научи многу убави и корисни работи. Во ова училиште се посветува големо внимание на спортот, па сите деца, од најмали до највозрасни, имаат инструктори и тренери за фудбал, кошарка, балет… – раскажува поетот.

Истиот ден кога Ана откри дека нејзината ќерка тргнала во градинка, нејзиниот поранешен сопруг Стефан Дуриќ Раста на Инстаграм се пофали дека ја запишал наследничката на часови по тенис. Раперот објави видео на кое се гледа како Тара носи ранец со рекети.

– Не ја разгалев многу, коректен сум кон неа. Никогаш не сум ѝ викал, ниту сум кренал рака. Чудно ми е што јас сум личноста која најмногу ја почитува… Моето влијание врз неа е големо – изјавил неодамна Раста.

 

Слични објави

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо
Се вчитува....