23.8 C
Скопје
13:44 - 29 септември, 2026

Ацо Пејовиќ проговори за неверството: Еве дали ја изневерил сопругата, го спомна и Харис Џиновиќ!

Пејачот Ацо Пејовиќ вели дека приказните кои кружат, дека ја изневерил сопругата Билјана, не се точни и дека тој е човек кој е посветен на семејството. Тој тврди дека нема потреба ништо да негира, туку дека сега решил да го прекине молкот на оваа тема.

-Тие приказни не ме допираат, какви било објави за тоа… Ниту јас, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат – изјави пејачот во емисијата „Еглам“ и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари: „Се смееме дома кога седиме“.

Потоа го коментираше разводот на колегата Харис Џиновиќ, што на почетокот му било чудно тоа што тој не му кажал дека има проблеми во бракот, бидејќи секогаш споделувале и зборувале за сѐ.

– Не сум се слушнал со него и не би навлегувал во таа приказна, многу го сакам. Најдобро од сè е што двајцата знаат што има помеѓу. Жал ми е… Секогаш ми е тажно кога ќе слушнам дека моите драги пријатели имаат такви ситуации и доживуваат такви работи, но мислам дека ќе помине. Му се молам на Бога тоа да се среди. Имаат прекрасно семејство, сите во таа куќа се прекрасни луѓе, а јас не се мешав во тоа. Гледам дека има многу се пишува по весниците. Му се јавувам на Харис, но неврзано за тоа, ако почувствува потреба да разговара, тука сум да го слушам и да го посоветувам – ако не, не – изјавил Пејовиќ.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....