20:39 - 8 ноември, 2026

Кој всушност бил против Босиљчиќ? Се појавија приватни детали, Јелена Томашевиќ со сите сили се борела да останат заедно

Српскиот брачен пар Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ важат за еден од најскладните парови на српската сцена и никогаш не ги следеле скандали, афери или несогласувања.

Секогаш кога ќе ја прашаат Јелена за нејзиниот сопруг, таа зборува со голема страст и љубов, што го прави и тој, а сега се навратила и се сетила како се одвивало неговото запознавање со нејзините најблиски.

Јелена при гостувањето во емисијата „Балканска улица“ раскажала една интересна опсервација која баба ѝ Ружа ја направила за Иван, како и одговорот кој веројатно ја смирил, а кој го добила од својата сваќа.

– Мојата Босиљка беше шоу програма. Дали ти го раскажав тоа? Јас за тоа зборував во неколку емисии. Кога дојде Иван…. Тој сè уште не беше ранет орел, што значи сè уште не снимаше, ниту јас не одев на Евровизија. Значи, ние отпосле бевме во врска. Тој го снимаше „Ранетиот орел“ и јас го однесов во Крагуевац да ги запознае моите родители, мојата баба и братот и сите. Тој замина и баба Босиљка вели: „Знаеш што, Јеле, тој е убаво момче, изгледа воспитано, културен човек, но не ми се допаѓа неговата работа“. Јас ја прашувам зошто, вели: „Само чекам да сменам канал кога ќе почне да бакнува актерки“, раскажала Јелена и додала:

– Таа го држи далечинското, како што започнува бакнежот, таа го менува каналот. Јас ѝ велам: „Па бабо, тоа е како демек, не е вистинско… Тоа е неговата работа“. „Ти остави го тоа демек“, вели таа. А другата баба што ѝ е мајка на мајка ми, баба Ружа, како мајка ми, нежна личност, само да нема расправии, конфликти, сè да биде мирно и убаво, разговараат тие двете, пијат кафе и таа ѝ вели: „Сваќо, како ти се допадна момчето на Јелена, а таа вели дека е добро момче, но не му чини работата, сваќо, вели, многу се бакнува во овие сериите, филмовите, а таа пак ѝ вели, ама сфаќо, што ќе кажеше доколку беше гинеколог – додала Јелена.

Ова ги насмеало и водителката и публиката, а многумина се согласуваат дека Јелена Томашевиќ зрачи со природност и знае да сподели без проблем.

 

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....