7.8 C
Скопје
06:46 - 27 април, 2024

10 видови храна што не се за домашни миленици: Не помислувајте да им ги дадете на вашето куче или мачка!

дете куче

Кога бевте дете, веројатно сте слушнале од вашата мајка или татко: „не хранете го кучето (или мачката) на масата за вечера!“ И со текот на времето и годините, сфаќате дека вашите родители биле целосно во право. Не само што хранењето на вашето куче или мачка од масата создава лоши навики на питачење кај вашето домашно милениче, туку тоа не е добро ни за него.

Многу јадења омилени на човекот се премногу калорични за вашето домашно милениче и може да предизвикаат прекумерна тежина доколку секојдневно миленичето ги јаде остатоците од масата. А домашните миленици со прекумерна тежина имаат цела низа здравствени ризици. Сепак, постојат и непосредни опасности со кои вашето домашно милениче може да се соочи ако внесе храна која вие ја јадете, а некои видови на храна може да предизвикаат и фатални последици.

Еве список на 10 јадења што милениците не треба да ги пробаат под никакви околности.

Лук и кромид

Голем број на вообичаени зачини, вклучувајќи лук, кромид и пиперчиња, можат да предизвикаат проблеми – и помали и сериозни – за вашата мачка или куче. Оваа храна може да му донесе на вашето домашно милениче проблеми во дигестивниот тракт, напади на астма, оштетување на црвените крвни клетки и голема штета на црниот дроб.

Вашето домашно милениче може да заврши со повраќање и дијареја, губење на апетит и енергија, а може дури и да умре. Иако повеќето мачки и многу кучиња не го сакаат вкусот на лук и кромид, тие се толку чести во нашата храна што лесно може да се проголтаат во манџи и друга приготвена храна.

Млеко

Можеби мислите дека е слатко да ја видите вашата мачка како пие млеко од чинијата, но факт е дека ниту мачките ниту кучињата се во можност да ја сварат лактозата. Така, миленичињата на кои им се дава млеко може да завршат со иритација на желудникот и цревата, што доведува до дијареја и непријатности.

Алкохол

Некои мачки и кучиња навистина уживаат во вкусот на пивото или други алкохолни пијалоци. Тие можат да лижат од чашата за пиво или дури и од горниот дел на шишето. Но, иако ова може да изгледа смешно, миленичињата можат да завршат болни или да умрат од труење со алкохол. Како прво, повеќето миленици се многу помали од луѓето и количината на алкохол што треба да ја внесат пред да се појават проблеми е многу помала отколку што мислите. Вашето домашно милениче може да заврши со напади, да падне во кома или да умре.

Чоколадо и кофеин

Друга изненадувачки опасна храна за домашните миленици е чоколадото и кофеинот. Само две три коцки чоколадо може да доведе до треперење, абнормален срцев ритам и смрт кај мало куче или мачка. Помало количество на кофеин пак, ќе доведе до немир, задишаност и повраќање.

Грозје и суво грозје

Дали знаевте дека хранењето на вашето домашно милениче со неколку зрна грозје или малку суво грозје може да предизвика повраќање, депресија, откажување на бубрезите и смрт? Иако не е јасно зошто оваа храна предизвикува такви екстремни реакции кај домашните миленици, истражувањата го докажале тоа. Ако вашето домашно милениче навистина сака овошје, дајте му јаболка, банана или портокал, со извадени семиња и држете се подалеку од грозјето.

Авокадо

Друга храна за која мислите дека е безопасна за домашните миленици, но всушност е прилично токсична е авокадото. Авокадото содржи персин, што е исклучително токсичен за кучињата и мачките дури и во многу мали количини. И мала количина авокадо може да предизвика сериозни проблеми, отежнато дишење, акумулација на течност околу срцето и смрт.

Коски и сирово месо

Ова може да биде едно од најконтроверзните предупредувања, имајќи предвид дека многу луѓе сметаат дека сировата храна е најдобра за мачки и кучиња, но коските и сировото месо може да имаат нездрави последици за вашите миленици. На пример, одредени видови коски можат да се распарчат и да се заглават во грлото или стомакот на вашето домашно милениче. Сировото месо пак, може да донесе бактерии кои можат да го разболат вашето домашно милениче.

Леб и пецива направени со повеќе квасец

Домашните миленици кои внесуваат квасец можат да доживеат многу болна надуеност на желудникот и цревата, што дури може да доведе до прекин на дигестивниот тракт.

Вештачки засладувачи

Никогаш не треба да му дадете на вашето домашно милениче храна која содржи вештачки засладувачи. Може да дојде до загуба на координација, повраќање, летаргија, напади, но и откажување на црниот дроб.

Јаткасти плодови

Дали знаевте дека дури 6 ореви можат да предизвикаат смрт кај вашето домашно милениче? Вистина е, оревите се прилично токсични за кучињата и во сирова и во печена форма. Ако вашето домашно милениче ја јаде оваа храна може да доживее слабост, парализа на задниот дел, треперење и смрт.

Постојат многу трпезни јадења што се опасни за домашните миленици, затоа бидете сигурни дека вашето домашно милениче никогаш нема да добие пристап до храната споменати погоре.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....