6.8 C
Скопје
07:28 - 21 април, 2026

Во посета на МАНАСТИРОТ СВ.ЃОРЃИЈА над Кучково: Место каде ќе најдете и спас и утеха

Од дамнина на оваа библиска земја, со првите христијани биле градени цркви и манастири кои биле и сè уште се прибежиште и молитвен дом на сите. Место каде се барало спас и утеха, покрив под кој се заолнувале несреќните и болните.

Високо над скопското село Кучково, скриен помеѓу дрвјата и кориите, удобно сместен под падините на Шар Планина ќе ве пречека манастирот Свети Ѓорѓија. Мала црква од 14 век, а од неа голема енергија на мир и тишина. Настанал во времето кога постоела населбата Перијат.

– Овој манастир има претрпено доста оштетувања, многу стари икони и фрески кои се сочувани од првобитната градба на манастирот. Во времето кога немало никој да се грижи за манастирот, многу од иконите се земени и однесени на разни страни од светот – раскажува Перо К. жител на село Кучково.

Манастирот бил дом и за старите икони на Светите апостили од 15 век, Свети богородица и Свети Јован, што биле изложувани во музеите во Париз и Лондон, но во домот не се вратени.

– Овој манастир е изграден благодарение на помошта на селаните кои живееле во селото. Постои една легенда за која не постои запис, но се пренесува од колено на колено. Манастирот првично почнал да се гради на местото каде што се наоѓа крстот во Кучково. Кога ќе дошле мајсторите утрото да работат, алатот го наоѓале на ова место каде што сега е изграден.- раскажува Перо.

Со векови тука имало монаштво, со таква судбина, да има еден монах секогаш. Жителите го споменуваат последниот монах Наум. Со години го негувал манастирот, секоја икона, секое парче од неговото минато живее. Записи за црквата има малку, младите го раскажуваат она што го слушнале од покојниот дедо Наум.

– Во периодот од 70-тите и 80-тите во манастирот немало никој за да го чува и да се грижи за него. Во 1983 и 1984 година дошол монах Наум, починал во 2014 година. Тој многу направи за овој манастир да заживее, да остане и да не пропадне.

Манастирот има конаци, доаѓаат верници да преспиваат. Од осветените чешми во дворот верниците се мијат за здравје и мир, болните веруваат во моќта и силата на големата енергија на прекрасната мала црква свети Ѓоргија. Мирот и природната убавина ве пречекуваат на само неколку километри од градот. Манастирот е полн за Ѓурѓовден и празникот свети Ѓорѓија.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....