10.8 C
Скопје
08:34 - 20 април, 2024

(ФОТО) ВО ДЕМИХИСАРСКАТА БАВЧА НА АЛЕКСАНДРА ЛОЗАНОВСКА: Од бавча на трпеза – Здравата храна во денешно време има непроценлива вредност!

„Моја Бавча“ како бренд опстојува една година, а зад него стои Александра Лозановска од Демир Хисар. Сепак, историјата за бавчата на Александра (и Јована) е многу подолга, околу шест-седум години.

Александра, фото – приватна архива

– Нашата главна цел е да се јадат што е можно повеќе домашни продукти, домашна, здрава и органска храна, да се пијат природни чаеви и сокови. Кога велам домашно, подразбирам на домашно одгледувани зеленчук и овошје, тревки, зачини, без никакви пестициди, наводнувани со чисти подземни води и одгледувани на здрава, богата и плодна почва. Квалитетната и здрава храна во денешно време имаат непроценлива вредност, вака ја започнува својата бавчарска приказна Александра.

За пошироката јавност, Александра почнала да зборува за нејзината бавча и да готви пред 3 години кога станала членка на „Slow Food”. Така, освен приготвување на зимница, нејзината работа почнала да се развива и во друга насока, во презентирање и прикажување на процесот на одгледувањето на земјоделските култури во бавчата, нивно приготвување и добивање краен, готов производ.

Што сè одгледувате и на што сте насочени во моментов?

– Мојата бавча изобилува со најразлични култури, како што се пиперки од кои најголем дел се од сортата на пиперки за ајвар, но имаме и многу други сорти, модри патлиџани, домати, шери домати, карфиол, краставици, зелка, прокељ, моркови, цвекло, компир, брокули, боранија, лубеници, дињи, тикви, блага пченка…

Но, освен оваа бавча, во мојот двор имам и мала бавчичка каде што имам повеќе разновидни култури како магдонос, коријандер, рукола, анасон, црн ким, копар, жалфија, чубрица, нане, планински чај, мајчина душица… Освен овие зачински билки имаме и бамја, моркови, гоџи плодови, вишни, јаготки, цвекло, роквици, келераба, малинки, рибизли и друго. Во моментов најмногу сум насочена кон одгледувањето на пиперките и доматите, од нив имаме најголем број корени.

Зошто токму на есен е најголем интересот за домашните производи и посета на Демир Хисар?

– Демир Хисар е мало гратче во пелагонискиот дел на Македонија и во склоп на ова поднебје се подразбира дека е земјоделско гратче  Во Демир Хисар луѓето најмногу се занимаваат со земјоделие, одгледување на бавчи и секако, одгледување на тутун и тоа се главни гранки за опстанок. Есента кај нас е најубаво годишно време бидејќи токму тогаш доаѓа до израз она за кое сме работеле и она за кое сме вложиле голем труд преку текот целата година. Тогаш, нашиот град е најбогат, преполно е со секакви производи. Токму поради оваа причина најубаво е да се посети Демир Хисар во есен.

Јована Лозановска, фото – приватна архива
Јована Лозановска, фото – приватна архива

Што вклучува вашата туристичка програма и која група на граѓани се најзаинтересирани за неа?

– Искуството поминато во „Моја Бавча“ најчесто трае од 3-4 часа. Започнува некаде околу 8 часот наутро, кога заедно со целата група одиме да ја посетиме нашата бавча што се наоѓа на 5 километри од мојата семејна куќа. Во мојата бавча, посетителите имаат можност да видат како се одгледуваат засадените овшја и зеленчук, имаат можност сами да си наберат сè што им е по ќеф, да поставуваат прашања околу начинот на одгледување итн. Од досегашното искуство, најинтересно растение им е тутунот.

Ова искуство го организираме да биде порано и наутро поради летните горештини кога не е возможно да се биде во бавчата. Меѓутоа, за оние кои не можат да стигнат да ја посетат мојата бавча, постои уште една шанса, а тоа е да си наберат плодови од мини-бавчата што се наоѓа во мојот двор. Главниот дел од оваа дружба се одвива во дворот на мојата куќа, каде што на почеток посетителите ги пречекуваме со свежи домашни пијалоци. Се одвива кратка презентација со слики за тоа како од едно мало семе доаѓаме до големи продукти, ставени на нашата трпеза, спремни за јадење,  како и презентација за тоа како од тутунот – растение се доаѓа до цигара, која може и да се проба. Па така, додека јас им приготвувам свежи салати, макала и слично од веќе набраните овошја и зеленчуци од мојата бавча, гостите можат да дегустираат од благата и солената зимница, да вкусат од домашните питулици, лепче и зелник печени во фурна, да пијаат од домашните пијалоци и да ја разгледуваат мојата мини бавчичка во дворот. Нашата дружба завршува со наполнети и задоволни стомаци на посетителите, а си добиваат и по некој мал подарок.

Најголем интерес за мојата туристичка програма е меѓу млади лица, од  20-35 години, но најчесто тоа се странски туристи.

Што особено им се допаѓа на странските туристи ?

– Посетителите најмногу се радуваат на зимницата и останата храна, изненадени од нејзиниот вкус, начин на одлгедување на културите и приготвување на зимницата. Но, исто така им се допаѓа тоа што се запознаваат со дел од нашата традиција и начин на живеење.

Дали земјоделството станува исплатливо во нашата држава и колку државата ги поддржува земјоделците ? Што би требало итно да се преземе, според Вас?

– Како земјоделци ние не добиваме некоја поддршка од државата. Земјоделските култури не ни се проценети доволно и нивната цена не е загаранитрана. Секој од нас како земјоделец се снаоѓа како ќе успее. Сметам дека е потребно државата навремено да ги информира земјоделците во однос на финансиската поддршка што ја нуди во форма на грантови, и потребно е да ги заштити земјоделците со тоа што ќе ја загарантира цената на земјоделските култури. Исто така, на сите земјоделци им е потребна едукација во однос на користењето на разни видови пестициди – колку се тие штетни, кои се придобивките од некористење на пестициди и едукација за органското производство. Но, сепак најважна е финансиксата поддршка на земјоделецот.

За крај, би нè почестиле ли со еден есенски рецепт што Ви е омилен?

– Би сакала со вас да го сподела рецептот за традиционалниот тикварник кој е есенски рецепт. За да го направите овој десерт потребни се:

  • 4 јајца,
  • шеќер – 100 гр (но, јас не ставам)
  • 100 мл млеко,
  • 2 кг варена тиква
  • 2-3 лажици масло,
  • 2-3 лажици брашно.

ПОДГОТОВКА: Варената тиква се пасира, а потоа во еден сад се ставаат сите состојки и заедно со тиквата  убаво се мешаат со жица. Се пече додека зарумени.

На здравје!

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

десерт од тиква, фото приватна архива

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА 

(ФОТО) ГЕРМАНСКА БАЈКА НА ОХРИЃАНКАТА ЛИЛЈАНА: Трендафилите ме потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминав детството!

Слични објави

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо
Се вчитува....