17:32 - 27 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови, еве во кои периоди од денот!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во доцните попладневни и вечерни часови, како и во теко на ноќта. Температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи претежно облачно и СВЕЖО време за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Локално, и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.

– Во петок се уште ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето и намалување на облачноста, како и мало покачување на максималните температури, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени, вели Попоски.

Инаку досега најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 25 л/м2 воден талог, потоа во Гевгелија 18 л/м2, во Берово 14 л/м2 и во Скопје 8 л/м2 воден талог. На другите места врнежите беа со послаб интензитет.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....