21:54 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Mетеопатите да бидат многу внимателни и да ги почитуваат советите од своите лекари!

– Како што веќе најавивме, од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток, кај нас доаѓа ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето, проследена со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и со умерен, повремено ЗАСИЛЕН ветер од југоисточен правец и тоа особено изразен долж Повардарието, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Особено ИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог, особено во четврток и во петок.
-Температурите на воздухот, НАГЛО и значително ќе опаднат и тоа особено од четврток кога ќе се движат во интервалот само од 9 до 17 степени, и истите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината, додава Попоски.
Според Попоски и во Скопје и околината од среда навечер, и во текот на ноќта кон четврток следува ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето, проследена со врнежи од дожд, умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец и ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите на воздухот и тоа особено од четврток, кога ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Метео прогнозерот напоменува дека брзата промена на времето лошо ќе се одрази врз здравјето на луѓето, особено врз метеопатите каде што се можни и поголеми здравствени проблеми. Затоа оние метеопатите да бидат внимателни овие денови и да ги почитуваат советите од своите лекари. Исто така, поради доста интензивните врнежи од дожд од среда навечер, и тоа особено во западните и југозападните предели, можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата особено во тој дел од државава.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....