8.8 C
Скопје
11:19 - 19 март, 2024

(ФОТО) ХРИСТИЈАН КОЦЕВ „СТОПИ“ 51 КИЛОГРАМ: Десетици луѓе тргнаа по неговиот пат на трансформација

Христијан Коцев ни раскажува за својата инспиративна трансформација на телото и животниот стил.  

Христијан достигнал тежина од 123 килограми, а решил дека е време за трансформација откако при лекарски преглед кај кардиохирирг бил предупреден дека наскоро може да му стане пациент и воочил дека секојдневните активности му стануваат многу потешки.

фото – приватна архива

Откако се решил за промена на начинот на живот, максималната разлика која ја достигнал на вага е минус 51 килограм.

Кога сфати дека е време за трансформација?

– Беше 1 февруари и беше понеделник, целата работа започна спонтано вртејќи нов лист на календарчето што ми стоеше на биро (сеуште го чувам за спомен) изустив дека ќе свртам нов лист во животот и тоа навистина го сторив. Најголемата разлика што ја имам постигнато е 51 килограм и тоа беше после 4 години од почетокот на овој бесконечен процес.

Колку ти беше потежок животот со вишок килограми споредено со животот сега? Со какви проблеми се соочуваше?

– Проблемите со кои се соочував беа повеќе, но меѓу најголемите ми беа да пронајдам соодветна облека, одењето по скали до некој повисок кат беше вистинско мачење, па дури и врзувањето патики ми претставуваше проблем.

фото – приватна архива

Како го изгуби најголемиот дел од килограмите? Со посебна диета или вежбање? Имаше ли поддршка или сам се водеше низ процесот? Колку време траеше тоа?

-Ја исфрлив брзата храна и почнав да јадам традиционални домашни јадења од нашето поднебје. Во тие моменти ни на крај на памет не ми беше да спортувам, едноставно се чувстував премногу тежок за воопшто да правам некаква активност. После неколку недели добивав забелешки дека сум ослабен, но кога ќе застанев на вага бројката беше иста. Тоа малку ме депримираше, но сепак продолжив по истиот пат бидејќи се чувствував поенергично.

Дури после 45 дена ги видов првите резултати на вага и тогаш дојдов на идеја да купам патики за трчање и да одам на кеј со една единствена цел, а тоа беше да го забрзам процесот. После 3 години веќе влегов во „просечна“ килажа за мојата висина и тогаш направив тест за интолеранција на храна за точно да знам која храна одговара на моето тело. До ден денес си се држам до дозволените храни и тоа ми помага сега да го одржам моето тело во одлична кондиција.

Каква физичка активност практикуваш сега и колку пати во неделата? Имаш ли некои спортски достигнувања на кои си горд?

-Почнав со трчање, тоа до ден денес е активноста која ја правам. Започнав со трчање бидејќи прочитав дека тоа троши најмногу калории, а од друга страна е индивидуална активност, не треба многу вложување во опрема и во нашиот град има простор каде може таа да се изведува. На почетоците трчав 3-4 пати неделно, започнав најпрво со најизменично трчање и пешачење се додека не направам кондиција да можам да трчам без престан подолги растојанија. Во денешно време трчам 5-7 пати неделно во просек по 1 час дневно или изразено во километри меѓу 250 и 450 месечно во зависност од која фаза на подготовките се наоѓам. Најголем успех ми е освојувањето на второто место на штафетниот маратон на скопски маратон, а секако и посетувањето на трки низ повеќе европски градови како Париз, Валенсија, Келн, Будимпешта, Љубљана, Амстердам, Малта, Софија и Белград.

Што ти беше најтешко во процесот на слабеење? Што беше поголем предизвик за тебе – откажување од храна или вежбање?

-Во принцип најтешко ми беше да донесам одлука за почеток, а понатаму се вљубив во процесот и едноставно не го доживував како стрес туку, напротив, како задоволство. Се разбира дека најголем предизвик ми беше откажувањето од храна, едноставно бев зависен од превкусната храна

Како реагираа луѓето на твојата трансформација? Дали имаш некого што си го мотивирал и директно си влијаел на нечија трансформација?

-До ден денес има луѓе кои се фасцинираат од моите пред/потоа фотографии. Има луѓе кои сум ги запознал во последниве 1-2 години и кои немаат претстава каков сум бил порано, па се запрепастуваат кога ќе погледнат некоја од старите фотографии. После секое споделување на социјалните мрежи некоја таква фотографија или совет како да се почне се појавуваат по неколку луѓе кои се пронаоѓаат во напишаното и почнуваат да ме прашуваат за совети. Ако на почетокот беа неколкумина сега се веќе десетици кои направија промени во своите животи.

Како сега ја одржуваш идеалната тежина? Дали си на диета или само правилно се храниш и што значи тоа? Си дозволуваш ли и денес да пробаш некое јадење што е „забрането“?

-Начинот на исхрана повеќе не го гледам како режим туку едноставно сум се навикнал да живеам јадејќи ja тaa хранa. Главната математика е во калориите, колку трошите, а колку внесувате и според тоа се знае дали се оди нагоре, надолу или се одржува на „нулта точка“ состојбата. Годината ја делам на 2 дела по 26 недели од кои 24 недели трчам некоја програма за трчање која најчесто ми завршува со „главна“ трка за таа фаза, а следните 2 недели ги земам како одмор и од трчање и од внимавање на исхрана. На тој начин балансирам и успевам да ги задоволам и стариот и новиот јас.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Сопругата на Канје Вест пак шокира: За 24 часа две „голи“ модни изданија

еспресо

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо
Се вчитува....