22.8 C
Скопје
15:25 - 2 мај, 2024

Зибери: Центарот за јавно здравје е единствената институција со најголем број на епидемиолози

Директорот на Центарот за јавно здравје д-р Арбен Зибери вели дека тимовите составени од епидемиолози работат од почетокот на започнување на кризата со Ковид-19. За првпат се соочиле со евентуално заболени луѓе од заразата со вирусот Ковид-19 со патници кои слетале на Меѓународниот аеродром – Скопје. Тогаш епидемиолозите од оваа институција биле повикани да ја мониторираат новонастанатата ситуација. Сите досега земени брисови на територијата на Скопје се од нашиот Центар, вели Зибери за „Слободен печат“.

Заразата од коронавирусот секојдневно се шири и зафаќа се поголем дел од населението. Знаеме дека Центарот за јавно здравје има свои тимови. Дали почнаа да функциoнираат на терен?

– Мобилните тимови на Центарот за јавно здравје функционираат уште на почетокот на новонастанатата ситуација. Уште кога почнавме со мониторирањето на Меѓународниот аеродром – Скопје. Токму тие се на терен цело време. Кога се влоши ситуацијата кај нас, кога го забележавме првиот случај со коронавирусот во нашата земја ние веднаш ги зголемивме капацитетите и тимовите во Центарот за јавно здравје.

Со колку тимови располага Центарот за јавно здравје подготвено за тестирање на луѓе кои сакаат да се тестираат од коронавирусот?

– Имавме само шест тимови составени од епидемиолози. Сега, со одлуката на Министерството за здравство да се повлечат сите специјализанти од специјализација, бидејќи ние имаме наши лекари што се на специјализација, бројот го зголемивме и сега веќе имаме 12 тима на доктори и лаборанти.

Овие тимови се постојано на терен. Колку брисеви досега имаат земено мобилните тимови?

– Сите испитани лица досега во Институтот за јавно здравје се земени од нашите екипи. Нашите епидемиолози одат и по куќите и во институции, секаде каде има потреба. И сите брисови се носат во Институтот за јавно здравје и таму се испитуваат. Ви зборувам за територијата на градот Скопје. Екипите кои работат во новоотворените два пункта во Скопје, едниот во населбата Ченто, а вториот во Јане Сандански се од Центарот за јавно здравје, а просториите се на Здравствен дом Скопје. Од понеделник ќе започне со работа и третиот пункт во Чаир. И таму ќе можат граѓаните да се тестираат од Ковид 19. Во Ченто почнавме со тестирањето во вторникот. Истиот ден бројот на лица кои побараа да бидат тестирани од Ковид 19 беше 11, следниот ден во среда 16, а во четвртокот оваа бројка се искачи на 20. Во здравствениот дом Јане Сандански тестирањето започна во понеделник. Истиот ден 21 граѓанин побара да биде тестиран. Во вторникот и средата имавме по 28 лица а во четвртокот 31 лице. Наша работа е ние да земеме брис од пациентите кои доаѓаат кај нас, да се изврши епидемиолошка анкета и испитување од кај доаѓаат и дали биле во контакт со некои лица што веќе се дијагностицирани и истите се праќаат до Институтот за јавно здравје. Ние сме единствената институција која има најголем број на епидемиолози и целата работа паѓа врз нашата институција – посочи Зибери.

The post Зибери: Центарот за јавно здравје е единствената институција со најголем број на епидемиолози appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....