14.8 C
Скопје
09:37 - 3 мај, 2024

Врие на македонско-грчката граница: Илјадници мигранти спијат покрај пругата кај Идомени, ова се нивните потресни приказни

Сириецот Абдулах ќе направи се за да ја помине границата и во тампон-зоната на грчко – македонската граница чека поволен момент за да се пикне во воз, со надеж дека ќе стигне до „балканската рута“ со која од 2015 година во Европа пристигнаа стотина илјади мигранти, објави Хина.

Првите сончеви зраци откриваат цели семејства кои спијат во напуштените железнички вагони или покрај пругата. Штом се појави полицијата, бегаат во блиските полиња.

„Мојот брат живее во Италија и сакам да го пронајдам“, вели 20-годишниот Абдулах кој последните два дена кампува во трошна зграда недалеку од железничката станица во Идомени, село на северот од Грција, покрај македонската граница.

Тој веќе со месеци живее во Грција без работа и таму „не гледа никаква иднина“.

Пред 5 години стотици илјади мигранти пеш ја поминаа таа „ничија земја“ на пат кон западна Европа, но европскиот сон им се урна откако земјите на ЕУ во 2016 година го затворија тој премин, а Грција долж својата северна граница подигна ѕид.

Десетина илјади мигранти кои своите земји ги напуштија поради војна, прогон или сиромаштија се најдоа блокирани во Идомени, кој се претвори во град на шупи, пред грчките власти со сила да ги евакуираат.


Од тогаш бегалските кампови во континенеталниот дел на Грција, посебно на островите, се пренатрупани со мигранти, а нови не престануваат да пристигаат.

Поради премалите капацитети за 120.000 баратели на азил моментално во Грција, голем број живеат без покрив на глава во Атина и на границата со Северна Македонија.

Во Идомени секој ден пристигнуваат околу 200 мигранти, раскажува Лазарос Оулис, локален жите. Објаснува дека некои подигнале шатори на полињата па мештаните се плашат дека нивното место ќе го претворат во бегалски камп.

Повеќето мигранти пристигнаа преку копнената граница со Турција, долж реката Марица, на североистокот од Грција.

Ноќе мигрантите се обидуваат тајно да се качат на воз кој ја поврзува Грција со Северна Македонија или да се провлечат низ дупка во граничниот ѕид.

„Скокаат од воз и ризикуваат струен удар или смрт ако ги допрат високонапонските кабли“, вели кондуктер кој неодамна нашол 42 патници во својот воз.

Ако и неколкумина поминат на другата страна, повеќето ги фаќа северномакедонската полицикса патрола, па ги враќа во Грција.

Пакистанецот Муса се жали дека го тепала и македонската и грчката полиција па ова 19-годишно момче се прашува „каде се човековите права“.

Со група сонародници успеа на крајот да се провлече низ дупка во ѕидот и да влезе во Северна Македонија.

После повеќе неуспешни обиди, некои резигнирани мигранти пешки се враќаат во Солун, на околу 70 километри од Идомени, како и 20 -годишниот Сомалиец Омар Хасан.

Вели дека ќе спие на железничката станица во Солун и покажува на завиената рака на својот пријател.

„Видете што ми направија“, вели Омар.

The post Врие на македонско-грчката граница: Илјадници мигранти спијат покрај пругата кај Идомени, ова се нивните потресни приказни appeared first on Слободен печат.


Врие на македонско-грчката граница: Илјадници мигранти спијат покрај пругата кај Идомени, ова се нивните потресни приказни was first posted on јули 21, 2020 at 8:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....