25.8 C
Скопје
18:36 - 28 април, 2024

Во Охрид како да нема коронавирус, но нема ниту полиција да води сметка дали се почитуваат мерките

Многу народ без заштитни маски на лицето, а полиција ниту за лек. Најголеми непочитувачи на здравствените задолжителни безбедносни мерки од коронавирусот се младите. Некои маски носат само како декор, ставени на лактот или под брадата. Не постои физичка дистанца од два метри на плажите во Охрид меѓу туристите. Пешкири и лежалки распостелени безмалку една до друга. Дистанца од човек до човек најмногу 50 сантиметри. Вака голем број од туристите кои во изминатиот период го посетија Охрид, но и туристичките места во неговата околина, ја опишуваат општата безбедност во најголемата летна туристичка локација во земјава.

Дел од граѓаните велат дека годинава, во споредба со другите, на плажите имало многу народ, но воопшто не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот, пред се физичката дистанца, а припадници на полицијата не само што ги немало, туку не виделе некој полицаец да казни граѓанин или турист на плажа, а уште помалку да се погрижат да има ред на плажите.

– Заедно со членовите на моето семејство од празничниот викенд за 2 Август, па до пред некој ден бевме во Охрид. Деновиве поради убавото време ги минувавме на плажите. Многу народ имаше, а прво што ви паѓа во очи е тоа што закупците на плажите не ги почитуваат правилата за дистанца меѓу лежалки од два метра. Безмалку никој од туристите не носеше заштитни маски, а народ легнат на плажи безмалку еден до друг. Бевме речиси 14 дена во Охрид, а на ниту една од плажите не видов да помине полициска патрола. И во вечерните часови, низ центарот на градот и чаршијата полициски патроли немаше. Многу ретко некој од минувачите носеше заштитна маска на лицето. Тие што носеа беа најчесто од постарата генерација. Луѓето си шетаа и се однесуваат како да нема коронавирус – вели скопјанката Катерина Димовска.

Наспроти големиот број на туристи во Охрид ова лето од полицијата велат дека освен изолирани немили настани и неколку инциденти, биле задоволни од општата безбедносна состојба во градот. Од полицијата во Охрид велат дека на дневна основа казнуваат околу педесетина граѓани за неносење на заштитни маски.

– Во изминатите 24 часа казнети се 38 граѓани за неносење на заштитни маски, а претходниот полицајците казниле 31 граѓанин за истото дело – велат од охридската полиција.

Охрид според статистиката брои околу 42.000 граѓани. Ова лето, поради пандемијата, најголем број од гостите беа граѓани од земјава. Најоптоварен градот е во деновите во викендот, кога има екстра посета од таканаречените викенд-туристи.

Наспроти бројот на граѓани и туристи кои до сега го посетија Охрид, сразмерот на припадниците на полицијата во однос на бројот на население е мал. Ако се земе предвид дека припадниците на МВР од станицата во Охрид како и секаде работат во смени, а некои пак користат и летен одмор, тогаш нивниот број автоматски се намалува во однос на бројот на присутни луѓе во градот.

The post Во Охрид како да нема коронавирус, но нема ниту полиција да води сметка дали се почитуваат мерките appeared first on Слободен печат.


Во Охрид како да нема коронавирус, но нема ниту полиција да води сметка дали се почитуваат мерките was first posted on август 19, 2020 at 7:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....