21.8 C
Скопје
16:14 - 28 март, 2024

Сепак 4:0 за Заев

СДСМ останува на власт уште четири години, ВМРО ДПМНЕ повторно оди во опозиција.
Заев со „помалку“ пратеници ја искористи шансата -максимално, Мицковски со „повеќе“, не успеа да фомира Влада. Зошто е тоа така веројатно ќе треба да си се преиспитаат во партијата.
Во меѓувреме Зоран Заев ниту со 3+1, ниту со 1+3, туку избокусува чист 4 годишен премиерски мандат за Влада во коалиција со ДУИ. Што не беше лесно, иако беше брзо.
Многумина резултатот од надмудрувањето меѓу Зоран и Али ќе го мерат по бројот и „квалитетот“ на министерските места. Но да не заборавиме дека носечката парадигма на СДСМ „Едно општество за сите“, која во основа ги минимизира сите манифестни или скриени национализми, останува да важи. Тоа е најголемата победа што во преговорите со ДУИ ја постигнаа социјалдемократите. Во држава поставена на таква основа, ирелевантни би требало да бидат министерските позиции, и кој со нив од етнички аспект ќе раководи, особено ако се усогласени партиските предизборни платформи, во заедничка- владина програма.
Министерствата се веќе поделени на партиите од коалицијата Можеме и на ДУИ. Она на што инсистираше СДСМ е на нивно чело да дојдат Квалитетни, одговорни и отчетни кадри.

Од програмски аспект пак главните поенти се ставени на економијата и подобрување на стандардот на сите граѓани и особено на профункционирање на правната држава. Тоа значи неселективна борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа преку прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер.

Незадоволството што ДУИ е повторно дел од власта кај значителен број граѓани Албанци, но и Македонци, останува. Но, за тоа која партија ќе биде во опозиција, а која во власта, одлучуваат граѓаните и бројот на гласови што тие ги дале на одредена партија. Она што еден мандатар може да направи е да собере мнозинство во Паралементот. Тоа во бројки беше содржано во ДУИ.

На крајот на краиштата можеше ДУИ и да одбие да оди со СДСМ и 15 те мандати да им ги даде на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа заедно ќе имаа 59 пратеника, плус двајцата од Левица и еден од ДПА или вкупно 62, што ќе беше повеќе од доволно за да декларираат парлементарно мнозинство и состав на Влада. Тоа сепак не се случи, иако можеби ВМРО-ДПМНЕ давало и повеќе министерски места, па дури и премиер Албанец, во некоја од ротирачките варијанти! Секако ќе остане загатка одлуката на ДУИ по цена на откажување од идејата „премиер Албанец“ да формира Влада со СДСМ, чиј лидер експлицитно им порачуваше дека е добро за нив да се реформираат и да одат во опозиција, а не со ВМРО-ДПМНЕ.
И ДУИ не му остана должна и го потсети дека таа во 2016 му овозможила да стане премиер.
Но, зошто и тогаш и сега тоа не го направи со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа веројатно е двократниот удар за Мицковски и неговата партија. Прво недовербата кај своите гласачи, а потоа и одбивниот однос кај нивниот поранешен партнер во влста. Но за чудо, дури и Левица на која отворено се надеваа им откажа „љубов“ за фомирање мнозинство.
Со тоа феноменот на политичка екстракција или изолацја на ВМРО-ДПМНЕ од страна на останатите политички субјекти ќе биде несомнео предмет на анализа не само во рамки на внатре партискиот живот туку и во јавниот дискурс.
Сега во фокусот на јавноста е новата Влада и приоритетите кои стојат пред неа.

Очекувањата на граѓаните се големи и тоа може да биде движечката сила која нема да им даде простор на учесничките во Владата да се занимаваат сами со себе или едни со други.

Но, ако премиерот сака да остави впечаток кај граѓаните на кои многу им вети, ќе треба веднаш да расчисти со сите валканици кои се тркалаат по патиштата, по градските ќошиња и раскрсниците, по пристаништата или зад спортските терени, без разлика дали зад нив стојат коминтетнти на ДУИ или на СДСМ.

The post Сепак 4:0 за Заев appeared first on Слободен печат.


Сепак 4:0 за Заев was first posted on август 19, 2020 at 7:39 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....