13:37 - 19 април, 2024

ВИДЕО | ШТО СЕ СЛУЧУВА: Мистериозниот монолит исчезна од Романија, за сега нов да се појави во Калифорнија

Нов мистериозен метален монолит „никна“ на врв на планина во Калифорнија, една недела откако слична структура во непристапна област во пустина во американската држава Јута го задржа вниманието на милион луѓе ширум светот, пишува Гардијан.

Фотографии од мистериозниот монолит кои ги објави Одделот за јавна безбедност на Јута, САД / 24 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Неколку дена подоцна, монолитот од Јута исчезна преку ноќ, а следниот ден слична метална плочка беше забележана и во Романија, но завчера исчезна и оттаму.

Локалниот весник од малиот град Атаскадеро во централна Калифорнија пишува дека ваков мистериозен монолит бил забележан на врвот на планината Пајн, каде стотици луѓе се искачиле за да го видат и да споделат фотографии на социјалните медиуми.

„Огромна тространа метална плочка, висока 3,5 метри „никна“ на врвот од планината.“, пишува локалниот медиум.

И овој монолит е во слична големина со оние што претходно беа забележани во пустината во Јута и Романија.

Објектот висок 3,6 метри беше поставен во почвата во тешко достапна област во пустината во американската држава Јута / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Сепак, за разлика од „братучедот“ монолит во Јута, што беше убаво закотвен меѓу карпите, монолитот на врвот од планината Пајн бил „лабав“, односно малку се нишал, па локалниот весник пишува дека доколку некој се обиде да го бутне, најверојатно струкутрата ќе падне.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....