06:32 - 3 мај, 2024

„Веро центар“ прв ги отвори вратите за купувачите: Еве каква беше атмосферата (ГАЛЕРИЈА)

„Веро центар“ денеска ги отвори вратите за посетителите на бутиците, утре ќе биде отворен и трговскиот центар „Рамстор“, а „Сити мол“ ќе се отвори во петок.

Првите посетители во „Веро центар“ со насмевка велат дека се среќни што повторно можат да пазаруваат во бутиците.

– Одењето во молови не е само пазарување, тоа стана и стил на живеење. Дури и со заштитни маски, среќна сум што пак може да влезам во продавниците и со нешто да се подновам. Не се плашам од заразата, затоа што сметам дека со маските и со заштитните средства што се поставени низ дуќаните, се преземени сите мерки да не се шири заразата – вели нашата соговорничка.

Од „Веро центар“ во Скопје велат дека ќе работат од 10 до 18 часот, со исклучок на маркетот „Веро“, кој продолжува да функционира со работно време од 7 до 18 часот. „Веро центар“ ќе биде отворен за посетители од понеделник до сабота, додека во недела нема да работи.

– Според пропишаните владини мерки, посетителите на „Веро центар“ треба да носат заштитни маски и друга заштитна опрема. Редарска служба во трговскиот центар го контролира бројот на посетители и внимава доследно да се почитуваат сите пропишани мерки за заштита. Целиот простор во трговскиот центар, вклучувајќи го и затворениот паркинг, редовно и комплетно се дезинфицираат од професионални служби, а сите вработени ги применуваат пропишаните заштитни мерки – велат од „Веро“.

Оттаму објаснуваат дека двата ресторана во следниот период ќе функционираат преку шалтерски систем, односно ќе има можност само за подигнување на нарачаната храна и пијалаци.

„Скопје сити мол“ и „Капитол мол“ соопштија дека нема да работат во неделите, а другите денови ќе работат од 10 до 18 часот.

„За да го спремаме трговскиот центар во најдобар ред како и продавниците да бидат спремни за отворање, сакаме да ве известиме дека трговскиот центар ќе биде отворен на 15 мај во 10 часот. Трговскиот центар ќе работи со ограничено, скратено работно време, од 10 до 18 часот, а ќе биде затворен во неделите. Се надеваме и посакуваме брзо да им се вратиме на старите добри и успешни патеки заедно со вас. Како менаџмент на ‘Скопје сити мол’ работевме и сѐ уште работиме на тоа повторното отворање да биде што посигурно и побезбедно за нашите вработени, за вработените во продавниците и за посетителите на трговскиот центар, како и за сите инволвирани страни“, велат од „Скопје сити мол“.

The post „Веро центар“ прв ги отвори вратите за купувачите: Еве каква беше атмосферата (ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....