17.9 C
Скопје
06:11 - 10 јули, 2026

Светот успешно закрепнува: Од почетокот на пандемијата се излечени повеќе од еден милион луѓе

Бројот на лица кои закрепнале од вирусот Ковид-19 низ светот премина еден милион и сега изнесува 1.001.008.

Тоа е речиси третина од вкупно заразените 3.220.847, додека третина од заболените се наоѓаат во САД – 1.064.572, покажале последните податоци објавени на сајтот „Worldometers“.

Од вкупно заразените 228.239 лица починале, додека три отсто се наоѓаат во критична состојба.

После САД кои се најмногу погодени од коронавирусот, најмногу заболени има во Шпанија – 236.899, а најмногу починати во Италија – 27.682, а веднаш зад нив се Франција, Германија, Турција и Русија.

Кина во која се појави вирусот е на 10-то место по бројот на заболени, зад Иран и Русија, а од Јужна Америка најмногу погоден е Бразил каде расте бројот на починати и заболени.

The post Светот успешно закрепнува: Од почетокот на пандемијата се излечени повеќе од еден милион луѓе appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....