15.8 C
Скопје
09:27 - 30 април, 2024

„Претседателе немојте да се криете“: Америка гори, Кина трие раце и порачува „Уживајте во глетката“

Кинеските официјални лица и државни медиуми ја користат можноста протестите и немирите, кои беснеат ширум САД, да ги споредат со демократското движење во Хонхконг и да го обвинат Вашингтон за лицемерие.

Масовните протести се проширија во повеќе американски држави во текот на викендот, а многу ескалираа откако полицијата одговори со солзавец, гумени куршуми и други проектили, а во некои случаи дури и со возила одеше на демонстрантите.

ВО некои градови се случија грабежи и палења, а ширум земјата полицијата е критукувана поради употребата на прекумерна сила.

Протестите се предизвикани од смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кого во Минеаполис го уби бел полицаец.

Минеаполис под полициска опсада Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Протестите во САД се случуваат речиси година дена по жестоките демонстрации на противниците на кинеската политика во Хонгконг, каде полицијата исто така повеќе пати е обвинувана за употреба на прекумерна сила.

Американската администрација гласно го поддржува предемократското движење во Хонгконг, посебно откако Пекинг најави декларација со која ќе наметне закони за национална безбедност во овој полу-автономен регион.

После неколку хаотични сцени во САД, портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг објави пост со зборовите „Не можам да дишам“ – последните зборови на Флојд – на Твитер, покрај снимката на својот американски колега кој го критикува кинескиот напад на Хонгконг.

Уште еден од портпаролите на кинеското министерство за надворешни работи Лиџијан Жао ретвиташе бројни коментари и извештаи за протестите, па дури од еден руски претставник во ОН кој ги обвини САД за двојни стандарди.

Протестен марш во Сент Пол, Минесота Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

-Зошто САД го негираат правото на Кина да го однови мирот и редот во Хонгконг, додека брутално растураат протести дома? – праша Дмитриј Пољански.

И кинеските државни медиуми го критикуваат САД.

– Претседателката на преставничкиот дом на САД Ненси Пелоси еднаш насилните протести во Хонгконг ги нарече „убава глетка“… Американските политичари сега можат да уживаат во оваа глетка низ своите прозорци – напиша Ху Сиџин, уредник на „Глобал тајмс“.

Кина често ги истакнуваше проблемите во САД за да возврати на критиките за кршењето на човековите права на своја територија, вклучувајќи и постапување кон малцинствата или во последно време постапување со демонстрантите во Хонгконг“, пренесува Гардијан.

Пекинг повеќе пати ги обвини „странските сили“ вклучувајќи го и САД за поттикнување и покренување на протестите во Хонгконг.

 

– Многу се сомневам дека протестантите од Хонгконг упаднаа во американските држави – напиша тој, предизвикувајќи обвинувањње дека шири теории на заговор.

Во низата твитови и во воведниците во весникот во текот на викендот, Ху и неговите весници ги обвинија САД и нивниот претседател ДОналд Трамп за лицемерие.

– Господине претседателе, не се скривајте за тајните служби. Одете сериозно да разговарате до демонстрантите. Преговарајте со нив, токму како што апелиравте Пекинг да разговара со бунтовнциите од Хонгконг – напиша тој.

Во друг твит, тој рече дека двата протести му пркосат на законот, редот и дека се деструктивни, но САД претстите во Хонгконг ги сфатија како оправдани, додека оние на своја територија не ги гледаат на тој начин.

Рече дека Кинезите не веруваат дека немирите во САД се одмазда поради поддршката на американската влада на Хонгконг. – Кинеската влада не покажа никаква поддршка на нередите во САД. Се надевам дека Американците ќе ја забележат воздржаноста на Пекинг – рече Ху.

На Твитер профилот на „Глобал Тајмс“ се објавени снимки од протестите во САД, вклучувајќи и едно полициско возило кое ги турка демонстраните во Њујорк.

– Миротворци ли масовни убијци? – стои напишано покрај тие снимки.

The post „Претседателе немојте да се криете“: Америка гори, Кина трие раце и порачува „Уживајте во глетката“ appeared first on Слободен печат.


„Претседателе немојте да се криете“: Америка гори, Кина трие раце и порачува „Уживајте во глетката“ was first posted on јуни 1, 2020 at 8:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....