17:51 - 7 ноември, 2026

Херман Хесе: Парите не се ништо, моќта не е ништо, убавината не е ништо, среќата секогаш е таму каде што некој знае да сака!

„Како што стареев, сè помалку ме исполнуваа малите задоволства што ми ги нудеше животот и сè повеќе ми стануваше појасно каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смислата.“

Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а дека да сакаш е сè, дека е способност да го чувствуваме она што дава вредност и убавина на нашето постоење. Без оглед каде на Земјата би се појавило она што може да се нарече среќа, би било сплетено од емоции.

Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, но сепак се несреќни.

Убавината не е ништо. Сум видел убави мажи и убави жени кои се несреќни и покрај нивната убавина.

Ни здравјето не е сè, секој е здрав ако така и се чувствува, има многу болни луѓе полни со желба за живот, кои ја негувале до самиот крај, и има здрави луѓе, кои овенале измачувани од стравот од страдање.

Но, среќата секогаш била таму каде што некој знаел да сака и живеел за своите чувства; ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал, тие секогаш му носеле задоволство.

Убавината не му дава радост на тој што ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да и се восхитува.

Херман Хесе

Профимедиа

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....