5.8 C
Скопје
01:40 - 1 април, 2026

Потврден првиот случај на мајмунски сипаници во Хрватска: Станува збор за маж кој престојувал во Италија и во Швајцарија

Со ширењето на мајмунските сипаници низ светот по Ковид 19, постојат стравувања дека растечките епидемии на болести кои преминуваат од животните на луѓето може да предизвикаат нова пандемија.

Во Хрватска е потврден првиот случај на зараза со мајмунски сипаници, пренесе во четвртокот ноќта HRT повикувајќи се на потврдата од загрепската Клиника за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“.

Сомневањето на заразата со болеста била потврдена во текот на вечерта со PCR тест.

Станува збор за маж, чиј идентитет и возраст не се соопштени, кој престојувал во Италија и во Швајцарија. Пациентот има блага форма на мајмунски сипаници и не е хоспитализиран, туку е во домашна изолација.

Мајмунски сипаници се вирусна којашто забрзано се шири во Европа. Повеќе од 2.500 случаи на мајмунски сипаници се потврдени надвор од Африка, каде што оваа болест е ендемска.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....