21:26 - 9 ноември, 2026

Сара Џесика Паркер за прв пат проговори за кавгата со Ким Катрал: „Не е мој стил да плукам отров…“

Продолжува пингпонгот од обвинувања меѓу актерките на Сексот и градот. Во меѓувреме, втората сезона од продолжението И токму така е веќе во фаза на работа со полна пареа…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Со месеци, па и со години, Сара Џесика Паркер не одговара на темата за нејзиниот, наводно лош однос со нејзината колешка од популарната серија Сексот и градот, Ким Катрал. Имено, актерката претпочитала да молчи и да не ги коментира изјавите на Ким. Протагонистката на ликот на Саманта, сега актуелна на Дизни + со „How I met your father“, често одговараше на прашања за отсуството на нејзиниот лик во контроверзното продолжение „И токму така“, не криејќи ги тензиите меѓу актерската екипа.

И сега, конечно, Сара Џесика Паркер одговара на истото прашање во разговор за подкастот на Холивуд репортер. Најпрво, таа прецизираше колку за неа сè уште е „многу тешко да се зборува за ситуацијата“:

„Отсекогаш сум била многу внимателна да не кажам ништо што се смета за непријатно бидејќи не сакам да се вмешувам во такви деликатни разговори“.

Накратко, актерката вели дека е прилично уморна од постојаните обвинувања.

„За мене е болно да продолжам да зборувам за оваа наводна „тепачка на мачки“ (тепачка меѓу жени), никогаш во животот не сум употребила непријатни зборови кон ниту еден колега. Значи нема „мачкина борба“. Никогаш не сум се впуштила во јавна тепачка, ниту сум плукала отров или сум разгорувала гласини, ниту пак некој друг тоа го направил наместо мене. Не е мој стил. Не е начинот на кој се справувам со ситуациите“ – додава Паркер.

Една работа, сепак, сака да се разјасни: не е точно дека Ким го одбила продолжението – прецизира Сара Џесика Паркер – затоа што во реалноста продукцијата никогаш не побарала од неа да се врати на сетот.

Затворено прашање? Знаејќи ги личностите кои се вклучени во истото, веројатно ништо не е заклучено.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....