12.8 C
Скопје
00:16 - 3 мај, 2024

Откриено средство за дезинфекција кое површините ги штити од вируси и до 90 дена

Научниците од  Универзитетот за наука и технологија од Хонг Конг осмислија дезинфициенс кој би можел да заштити различни површини од коронавирусот во текот на 90 дена, пренесува Н1.

Средството нарачено МАП-1 (Multilevel Antimicrobial Polymer) ефикасно ги уништува до 99,9 отсто високоинфективните вируси како оние кои предизвикуваат мали сипаници, заушки, рубеола и мачји калцивирус, како и бројни бактерии и некои видови спори.

Неговата ефикасност е потврдена меѓу микроорганизимите отпорни на лекови во неколку теренски студии кои се спроведени во болницата Ковлун и во домот за стари лица “Haven of Hope Woo Ping”.

Научниците велат дека бројот на бактерии резистентни на лекови на завесите на Одделението за интензивна нега во болница Ковлун за три недели е намален за околу 98,7 отсто.

Спрејот МАП-1, кој ги штити површините од коронавирусот во Хонг Конг се продава по цена од 8 евра по шишенце.

Во обидите глобално да придонесат во борбата против епидемијата Ковид -19, научниците од овој Универзитет, во соработка со индустрискиот партнер „Chiaphua Industries Limited” нанесоа паметна емулзија на површини во повеќе од 70 домови за стари лица, градинки, средни и основни училишта. Го испробаа и во трговските центри, во училишните автобуси, црквите и спортските сали.

„Оваа супстанција може да се испрска и по јавните површини како кваки и лифтови. Тие места често се допираат што овозможува пренос на вирусот“, рече Џозеф Кван, еден од главните истражувачи на Универзитетот.

„Спрејот е составен од милион нанокапсули со дезинфекциски средства кои се ефикасни во деактивирањето на бактериите, вирусите и спорите дури и откако ќе се исушат“, вели Кван и додава:

„Ефикасноста на емулзијата МАР-1 е зголемена со полимерна чувствителност на топлина, кои се распаѓаат во допир со човечката кожа и ослободуваат дезинфекциско срество, за разлика од вообичаените средства за дезинфекција како алкохол и белило.

Производот по клиничките испитувања е одобрен за службена и масовна употреба во февруари годинава.

The post Откриено средство за дезинфекција кое површините ги штити од вируси и до 90 дена appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....