9.8 C
Скопје
07:02 - 29 април, 2024

ОСКАРИ: Единствениот глумец кој одбил Оскар, знаете ли кој и зошто?

Освоениот Оскар за неговата незаборавна улога во “Кум”, Марлон Брандо во 1793 година го одбил поради дискримирачкиот однос на Американците и Холивуд кон Индијанците.

На 45-тото доделување на Оскари наместо Марлон Брандо на сцената се појавила Индијанка од племето Апачи, Шашин Мало Перо, а и се придружиле глумците Лив Улман и Роџер Мур.

Со едно движење на раката, таа јасно  им дала до знаење дека не сака да го преземе Оскарот, се претставила и се обратила на присутните:

– Вечерва го претставувам Марлон Брандо и ме замоли да ви пренесам дека многу му е жал што не може да ја прими оваа награда. Неговите причини се однесуваат на лошото однесување кон американските Индијанци, домородци. Го имам неговото писмо, но не можам да ви го прочитам во целина поради краткото време. Тоа ќе го направам покасно на конференцијата за новинари.

Следниот ден „Њујорк Тајмс“ во целост го пренеле писмото од Марлон Брандо.

Со само еден потег славниот глумец привлекол повеќе  публицитет на проблемите кои ги имаат американските Индијанци, отколку другите акции до тогаш.

За жал, неговиот протест останал  осамен. Никогаш веќе не се случило некој да Оскар од било која причина.

Суетата често е посилна од чуството за правда.

Овој потег на Марлон Брандо останува еден од најнезаборавните настани во историјата на доделувањето на најзначајната светска награда за глума.

 

The post ОСКАРИ: Единствениот глумец кој одбил Оскар, знаете ли кој и зошто? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....