27.6 C
Скопје
17:49 - 19 јуни, 2026

„Беше херој, но и силувач“: Актерката ги разбесни обожавателите на Коби Брајант (ФОТО)

Ѕвездата од серијата „Западен свет“, актерката Еван Рејчел Вуд (32) се огласи на Твитер по повод смртта на Коби Брајант со порака која многумина ја оценија како непримерна.

Изминатите денови целата планета тагува за трагичната смрт на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант и неговата тринесетгодишна ќерка Џиана. Меѓутоа, има и такви кои сметаат дека не треба да се зборува само за убавите работи на славниот кошаркар. Меѓу нив е и актерката Еван.

– Тоа што се случи е трагично. Срцето ми е скршено поради семејството на Коби. Тој беше спортски херој. Исто така беше и силувач. И сите овие вистини можат да постојат истовремено – напиша актерката Еван Рејчел Вуд на својот Твитер.

Нејзиниот твит привлече многу внимание, а повеќето од луѓето ја осудија бидејќи на ваков начин зборувала за Брајан и тоа веднаш по неговата смрт.

– Дали би те убило ако имаш малку емпатија за семејството кое не жали само по Коби, туку и по ќерката. Не поминаа ниту 48 часа – пишал некој како коментар под нејзината објава.

Се огласи и актерката Кајла Прат, која исто така ја критикуваше Еван.

 

View this post on Instagram

 

#EvanRachelWood stuns in @lesilla ‘s Gilda Black Sock Crystals Pump at Sundance! ? Thank you @samanthamcmillen_stylist

A post shared by Brooklyn Creative (@brooklynprla) on

– Еван. Се запознавме како деца и пораснав во иста индустрија како и ти. Се радував на твојата работа последните неколку години. Пред и позади камерите. Но, овој твит? Како воопшто се осмелуваш – напишала нејзината колешка.

– Драги мои, ова не е осуда, а ниту пофалба. Ова е потсетување на фактот дека секој од нас има различни чуства и постои простор во кој заедно можеме сите да жалиме, наместо да се караме – истакнала таа.

Коби Брајант во 2003 година беше обвинет за силување од една работничка во хотел. Тој веднаш повика конференција за медиумите, на која призна дека со таа девојка имал сексуални односи, но дека тоа не било присилно, а покрај него на прес-конференцијата седеше и неговата сопруга.

Фото: Профимедиа

– Ти си мојата половина. Ти си мојот благослов. Ти си дел од моето срце. Ти си воздухот кој го дишам. Ти си најсилната личност која ја познавам и жал ми е што мораш да се носиш со ова и тоа што нашето семејство поминува низ ова – и рекол тогаш кошаркарот на сопругата Ванеса.

Кога случајот стигна до судот, собарката одби да сведочи, па една година подоцна тужбата беше одбиена. Таа потоа приватно го тужела кошаркарот и се договорила со него за непозната сума, а договорот било тој јавно да се извини за тоа што го направил, а Коби тоа и го направил.

 

Слични објави

Десингерица ја искритикува Марија Шерифовиќ: „Одлично пее, но е полна со комплекси“

Еспресо

Драган Стојковиќ Босанац проговори за драмата со лекарот: „Ти остануваат уште три години живот“

Еспресо

(Видео) Главна на Јадранот – Јована Јеремиќ заплива во морето во светкаво бикини

Еспресо

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Еспресо

Палми, базен и висока ограда — Ана Севиќ ужива во луксузната вила, ја чува обезбедување 24 часа на ден

Еспресо

(Фото) Ќерката на Гоца Тржан блесна на матурата — убавата Лена беше како холивудска ѕвезда

Еспресо
Се вчитува....