14.8 C
Скопје
12:08 - 4 мај, 2024

Норвешка во делумен карантин: Како се справува земјата со драстичниот зголемен број на заболени од коронавирусот

Во текот на изминатите десет дена Владата на Кралството Норвешка донесе низа мерки за претпазливост како одговор на зголемената бројка на заразени од корона вирусот. Градинките, училиштата и универзитети се првично затворени до 26 Март. Затворени се и тренинг центрите, салоните за козметички и фризерски услуги, театрите, музеите, кината и базените, како и голем број на државни институции и банки. Затворени се и баровите кои служат само пијалоци, а ресторантите и пабовите кои служат храна мора да обезбедат 1 метар оддалеченост меѓу гостите како и да го ограничат бројот на гости во локалот. Се забранува и патување во викендици кои се наоѓаат во друга општина од општината на живеење се со цел намалување на ширењето на заразата.

Делумно се затворени аеродромите и пристаништата, па на странци кои немаат причини да бидат во Норвешка им се забранува влезот. Норвешката авиокомпанија „Norwegian“ се користи активно за транспорт на медицински материјал и заштитна опрема од Кина. Владата сепак препорачува откажување на сите туристички патувања надвор од границите на државата, како и враќање на оние кои во моментов се наоѓаат на некоја странска дестинација. Во последните 3 дена, Министерството за надворешни работи добило 5.500 барања за помош за обезбедување на превоз назад кон Норвешка. Авионските компании „Norwegian“, „Widerøe“ и „Sas“ ќе спроведат дополнителни линии со кои ќе се обезбеди превоз на граѓани кои во моментов се наоѓаат во држави каде границите се затворени. Норвешките граѓани кои се враќаат од патување од било кој дел од светот, мора да бидат во домашен карантин 14 дена.

Туристичките работници како и авионскиот сектор се на остар удар. Авиокомпанија „Norwegian“ веќе прати на неплатено отсуство 5000 рабоници, што се околу една половина од вкупниот број на вработени. Норвешката влада веќе усвои дел мерки за помош на економијата како на пример одложување на плаќање на ДДВ како и намалување на најнискиот процентот на ДДВ од 12 на 8%, привремени укинување на авионските такси за летови во периодот 1 јануари 2020 до 31 октомври 2020, обезбедување на 20 дневна плата за граѓаните кои се пратени на принудно отсуство, како и 80% плата за трговците- поединци.

Организацијата на трговци „Virke“ смета дека кризата предизвикува акутен недостиг на прилив на средства, но тие се задоволни со пакетот мерки за помош. Владата воедно обезбедува фонд за гаранција на банкарски заем за мали и средни претпријатија. Фондот е во висина од 5 милијарди евра. Оценето е дека околу 100.000 работни места се во моментов затворени или ќе бидат затворени во најблиска иднина. Се стравува дека бројката дополнително ќе порасне до 405.000 работни места.

Во маркетите може да се забележи недостапност на одредени производи, но тоа само во одредени делови на денот. Генерално недостиг на храна и потребни средства за хигиена нема. Маркетите јавуваат дека имаат доволно роба на залиха, па се препорачува секој да пазари онолку колку што му е потребно во моментот. На влезовите од маркетите се монтирани средства за дезинфекција.

Бројката на евидентирано заболени драстично се зголеми во последните денови и во моментов е 1.169 заболени. Од почетокот на пандемијата до денеска се спроведени околу 20.000 тестирања. Во последното деноноќие се регистирани 68 нови случаи од кои 13 пациенти се веќе примени во одделенијата за интензивна нега. 6200 работници од здравствениот сектор се во домашен карантин. Тројца пациенти заразени од корона вирусот се починати. Сите смртни случаи се кај постари лица, но поради Законот за заштита на личните податоци не се објавени информации за возраста на пациентите ниту пак за полот. Еден пациент е излечен од вирусот. Министерството за здравство препорачува движење во природа, но воедно се потенцира дека одржувањето на оддалеченост од 1 метар е од исклучителна важност. Резултатите од мерките за претпазливост се очекуваат во текот на следната недела.

The post Норвешка во делумен карантин: Како се справува земјата со драстичниот зголемен број на заболени од коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....