21.8 C
Скопје
22:35 - 18 мај, 2024

Нехумани услови и малтретирање: Белоруските власти ги ослободуваат притворените демонстранти (ФОТО)

Владата на Белорусија почна да ги ослободува од притвор граѓаните кои изминатите денови ги приведе на демонстрациите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Според очевидци голем број од ослободените демонстранти имаат видливи повреди. Приведените граѓани тврдат дека биле држани во нехумани услови и биле малтеретирани од полицијата.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Во повеќедневните протести во Белорусија загинаа најмалку две лица, а над 6.700 луѓе се приведени.

Во меѓувреме белорускиот министер за внатрешни работи Јуриј Карајев им се извини на граѓаните.

– Преземам одговорност и се извинувам за повредувањето на граѓаните, изјави Карајев.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Во меѓувреме, соработничката на претседателската кандидатка Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова упати апел до градоначниците да организираат мирни протести

– Сите градоначалници во Белорусија на 15 и 16 август би требало да организираат протести во сите градови. Да се слушне гласот на народот и нивното мислење, но на мирен начин, истакна Колесникова.

Фото: EPA-EFE/STRINGER

The post Нехумани услови и малтретирање: Белоруските власти ги ослободуваат притворените демонстранти (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Нехумани услови и малтретирање: Белоруските власти ги ослободуваат притворените демонстранти (ФОТО) was first posted on август 14, 2020 at 10:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....