15.8 C
Скопје
21:40 - 2 мај, 2024

На маса во кафуле до четворица, ќе може да пиете кафе и со луѓе што не ви се фамилија

Протоколот за тоа како ќе функционираат кафулињата и угостителските објекти е готов и даден на разгледување кај претставници на Стопанската комора.

Слободен печат неофицијално дознава дека на маса во кафуле или ресторан ќе може да седат најмногу до четворица, меѓу масите ќе мора да има растојание. На почеток најверојатно ќе бидат отворени само летните тераси од угостителските обекти а ќе мора да има и задолжителен редар.

Од вработени во повеќе кафулиња дознаваме дека тие веќе ги припремаат кафулињата за работа, но не знаат точно за од кој датум бидејќи тоа ќе треба да биде одлучено неделава на владина седница.

Нашите извори го споменуваат 11 мај како евентуален датум за старт, но оваа информација не успеавме да ја потврдиме официјално.

Моделот што ќе го користиме за функционирање на угостителските објекти не е сличен на оној од соседството каде само членови на исто семејство ќе може да уживаат во заедничко кафе или ручек.

Кај нас ќе може на иста маса да седат луѓе од различни семејства, односно пријатели, познаници и нема да се проверува дали се од исто домаќинство како што тоа се прави во странство.

За старт, само летните тераси ќе може да бидат отворени, тврдат нашите извори.

Најверојатно, ќе има рестрикција и за работното време на кафулињата, односно, како што дознаваме тие е предложено да работат до 18 часот.

The post На маса во кафуле до четворица, ќе може да пиете кафе и со луѓе што не ви се фамилија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....