16.8 C
Скопје
22:33 - 6 мај, 2024

Збогум на ракувањето, бакнувањето, прегрнувањето: По Короната нè чека промена на овие 12 навики!

Коронавирусот го погоди целиот свет, и секој ден е предизвик да се бориме против ковид-19. Дури и кога ќе помине пандемијата, многу луѓе ќе бидат исплашени, и со внимание ќе гледаат на некои работи.

Завршено е со ракувањето

Избегнувањето на ракување е една од највидливите промени во друштвените норми поради коронавирусот.

„Во ова ново време на коронавирусот и праксата за друштвено оддалечување, ќе има културна промена во начинот на кој сите се поздравуваме. Ракување, прегрнување, бакнежи, се начини на поздравување кои во овој момент треба да ги напуштиме. Дрштвениот поздрав сега може да вклучува рака на срце, климање со глава или било која работа која овозможува избегнување на директен допир или контакт“, вели д-р Несоки Океке.

На јавните места ќе има повеќе средства за дезинфекција

По пандемијата веројатно ќе има повеќе средства за дезинфекција на рацете на работните и јавните места.

„На пример, средства за чистење можат да бидат поставени на бирото или пред просториите за интервјуа, за да бидете сигурни дека рацете на кандидатот се чисти“, вели Ц. Ј. Ксиа, експерт за маркетинг и продажба од Калифорнија, и додава дека тоа нема да биде реткост како што било порано.

Подобро ќе одговараме на барањата на клиентите

Поради пандемијата многу фирми се принудени да одберат тимови за основно функционирање. Тие се соочуваат со сосема нови предизвици и веќе учат нови работи кои би им го олесниле новиот начин на работа.

Исто така, службите за корисници сега имаат повеќе барања, и тие мораат да се прилагодат на новата ситуација. Поради тоа во иднина ќе се работи поефикасно. Пандемијата ни покажа какви вештини се потребни во кризата, поради тоа многумина ќе се одлучат баш за вакви ситуации и тоа ќе им донесе придобивки.

Може да се промени односот кон рестораните

Јадењето во ресторан, па дури и доставата, се доста различни од пред неколку месеци. Џоан Монесиње, експерт за финансирање на ресторани вели дека веќе има промена во начинот на кој гостите јадат во рестораните.

„Рестораните во кои се вечера имаат најголем пад на продажба, додека пекарите кои немаат многу маси за јадење, имаат повеќе работа од претходно“, вели тој.

Иако е нејасно на кој начин ќе се промени нашиот однос кон рестораните кога сè ова ќе заврши, сигурно ќе има промени. На пример, може да се прошири доставата, а во рестораните да се објават јасни информации за мерките на хигиена.

Фирмите полесно ќе им овозможат на работниците да работат од дома

За време на вондредната состојба, вообичаен е начинот на работа од дома, но и кога ќе заврши епидемијата некои фирми можат да им дозволат на своите вработени ваков начин на работа.
„Еднаш кога фирмата и нивните вработени ќе видат дека работењето од дома не е само потребно, туку може да биде и попродуктивно, тоа може да доведе до големи промени во деловните области низ целиот свет“, вели Анџела Еш, маркетинг менаџер.

Ќе најдеме нов начин на притискање на копчињата

Дури и пред коронавирусот, многу луѓе беа свесни за количеството на бактерии на секојдневните јавни места, како што се банкоматите, кваките, копчињата во лифтот. Некои експерти препорачуваат луѓето да почнат да ги притискаат копчињата во лифтовите со лакт или со пенкало наместо со прст.
Директното допирање со прсти ќе остане во минатото.

Крај на нудење грицки?

По коронавирусот веројатно во баровите нема да има повеќе чинии со кикиритки или слични грицки. Покрај тоа, луѓето со претпазливост ќе гледаат и на баровите каде што се служат салати и слично.

Луѓето посериозно ќе го сфаќаат својот личен простор

Социјалното дистанцирање е неопходно во борба против ковид-19. Но, многумина по пандемијата ќе бидат повнимателни кога ќе им се приближуваат непознати луѓе и ќе се трудат да држат доволно растојание како би избегнале различни зарази.

Почесто ќе ги миеме рацете

Честото миење раце во траење од најмалку 20 секунди е најдобра заштита од корона. Покрај тоа, се препорачува и употреба на дезинфекциски средства. Меѓутоа, таа навика може да остане и по пандемијата, затоа што сите ќе бидат повнимателни и подобро ќе се чуваат од потенцијални зарази.

Можеби ќе почнеме да избегнуваме гужви

Многумнина во нивните животи се справуваат со фактот дека мораат да влезат во преполн автобус или лифт, како би стигнале на време на одредената локација. Но, кога ќе ја победиме короната, многумина двапати ќе размислат пред да зачекорат во голема гужва.

Подобро ќе внимаваме на другите

Постојат луѓе кои мислат дека не можат да се разболат затоа што не спаѓаат во ризичната група на луѓе за добивање корона. Но, тие луѓе не размислуваат за причината на самоизолација, односно со тоа дека не се заштитуваме само самите туку и другите, што веројатно е и поважно. По пандемијата веројатно ќе бидиме повеќе свесни за тоа како самите влијаеме на здравјето на другите луѓе.

Училиштата ќе мора да бидат спремни за учење на далечина

Образовниот систем е многу погоден за време на пандемијата, што веројатно ќе биде причина за некои промени во иднина. Постои можност предавањата да бидат достапни онлајн, па повеќе училишта ќе ја набават потребната опрема за таков вид настава. Освен тоа, ќе се изработат и детални планови како треба да се постапува ако повторно се повтори ваква ситуација.

The post Збогум на ракувањето, бакнувањето, прегрнувањето: По Короната нè чека промена на овие 12 навики! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....