Пендаровски: Владата ќе прогласи кризна состојба на целата територија

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по денешната 10. седница на Советот за безбедност нагласи дека нивниот предлог е Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија во траење од 30 дена.

Состојбата со корона вирусот кај нас е навистина сериозна, оцени претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека Советот за безбедност ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба во времетраење од 30 денови на територијата на целата држава.

– Во ваква состојба Законот за одбрана и Законот за кризи овозможува поголеми надлежности на армијата, изјави Пендаровски.

Според шефот на државата воведувањето на кризната состојба нема никаква врска со полицискиот час, односно рестрикции во движењето, бидејќи тоа е надлежност на Комисијата за заразни болести.

– Со ова на располагање ќе бидат капацитетите и кадрите од приватните здравствени институции, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев нагласи дека можеби вечерва, но најдоцна утревечер Владата ќе го разгледува прашањето, по што ќе прогласи кризна состојба.

Слични објави

Коста Петров: Супер си е документот, нема ништо лошо во тоа да бараме примерно однесување

Слободен Печат

Македонците јадат поскапо месо од Германците

Слободен Печат

Огромна брука за САД

Фејсбук ќе отстранува статуси со лажни тврдења за коронавирусот

Слободен Печат

Грчките демонстрантите ја нападнаа полицијата, во тенизична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

Како Јапонија го стави коронавирусот под контрола?

Остави Коментар

12 + петнаесет =

Слични објави

ИНТЕРВЈУ Гари Капели, министер за туризам на Хрватска: Ги отворивме своите туристички капацитети за десет европски држави

Ахмети им избега на медиумите, нема детали од исказот за пропаднатиот попис

Слободен Печат

Предлогот на Дескоска на буниште: Партиите не ги даваат парите

Банки: Поповолни кредити ќе има само за дел од фирмите и граѓаните

Рускоска: Ова „фукара“ мислеше на себе?

Интервју со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс: Унгарската влада не финансира антинато пропаганда во Македонија

Слободен Печат
MacedonianAlbanianBulgarian