14.8 C
Скопје
07:43 - 1 мај, 2024

Коронавирусот ги тресе светските берзи

Големите светски берзи се дестабилизирани од појавата и пандемијата на коронавирусот, бидејки вложувачите ги проценуваат последиците и времетраењето на здравствената криза.

Американскиот пазар на акции и натаму се наоѓа на високо ниво, што ги вознемирува акционерите на светските берзи, кои изминативе денови започнаа со повлекување на цените на акциите. Индексот на Дов Џонс( Dow Jones) во јануари годинава загуби преку 600 поени, што претставува најголемо паѓање на акциите на берзата на  Вол Стрит ( Wall Street) во последните шест месеци

Во овој период компаниие како Волт Дизни (Walt Disney),Старбакс (Starbucks), Луфтханза (Lufthansa), Бритиш Ервејс (British Airways) и Епл (Apple) најавија дека ќе ги затворат своите продавници и ќе ги запрат патувањата, намалувајки го своето работење во регионите во светот погодени од вирусот.

На Лондонската берза , меѓу најголемите губитници се рударската компанија Рио Тинто( Rio Tinto) и Гленкор( Glencore ), поради стравот дека побарувачката во Кина може да се намали.

Од Шангајската берза се избришани речиси 400 милијарди долари, бидејки беше отворена со задоцнување поради прославата на кинеската Нова година. Народната банка на Кина стави во промет дополнителни 170 милиони долари во кинескиот банкарски систем, со цел да ја засили домашната економија.

Како последица на ова, вредноста на кинеската парична единица јуан опадна во однос на другите странски валути, особено во однос на доларот

Од друга страна , австралискиот и новозеландскиот долар се соочија со идентичен пад, бидејки економијата на овие две држави е тесно поврзана со Кина, која важи за нивен најголем трговски партнер.

Во меѓувреме, по низата осцилации, цената на златото на светските пазари и натаму го одржува своето високо ниво. Златото на пазарите традиционално ја презема улогата на финансиска поткрепа, кон што вложувачите се ослонуваат во кризните периоди.

The post Коронавирусот ги тресе светските берзи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....